логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


  Слика
Покајание – Ден 3

Расказ за Петар,    
кој претходно бил митар
Слика
 Во Африка живеел еден жестокосрдечен и немилостив митар (собирач на даноци), по име Петар. Тој никогаш не ги жалел оние што немале, во својот ум немал мисла за смртта, не одел во Божјите цркви и неговото срце секогаш било глуво за оние кои проселе милостиња. Но, благиот и човекољубив Бог не ја сака смртта на грешниците, туку се грижи за спасението на сите и секого спасува со Својата неискажлива Промисла. Тој ја покажал Својата милост и кон Петар и го спасил на следниов начин.
Еднаш, сиромашните и просјаците, кои седеле на улица, почнале да ги фалат луѓето кои се однесуваат милосрдно кон нив, се молеле за таквите на Бога, а немилостивите ги прекорувале. Разговарајќи така, тие заговориле и за Петар. Раскажале за тоа колку жестоко постапувал со нив и се прашувале еден друг дали некој од нив некогаш добил милостина од домот на Петар. Кога не се нашол таков човек, еден од сиромашните станал и рекол:
- Што ќе ми дадете, ако сега одам и побарам од него милостина?
Кога се договориле, тие собрале меѓу себе залог, а просјакот тргнал и застанал до портата на Петар. Наскоро тој излегол од дома водејќи осле, натоварено со леб за кнезовиот ручек. Просјакот му се поклонил и гласно почнал да проси милостина. Петар зел еден леб, го погодил просјакот со него и го одминал. Кога го зел лебот, просјакот се вратил кај своите собраќа и рекол:
- Го добив овој леб од рацете на самиот Петар.
Притоа, тој почнал да Го прославува Господа и да Му благодари за тоа што Петар е толку милостив. По два дена, митарот се разболел толку лошо, што дури се наоѓал блиску до смртта. И ете, во видение видел како стои на суд и на вага ги мерат делата негови. Од едната страна на вагата стоеле смрдливите и зли духови, а од другата се наоѓале светли и благообразни мажи. Злите духови ги донеле сите зли дела, извршени од митарот Петар во текот на целиот негов живот од најмлади години, и ги ставиле на вагата. Светлите мажи не наоѓале ниту едно добро дело, кое ќе го стават на другата страна на вагата. Затоа тие биле тажни и во недоумица си говореле еден на друг.
 - Нема што да ставиме на вагата.
Тогаш, еден од нив рекол:
- Навистина нема што да ставиме, освен еден леб, кој тој го даде заради Христа пред два дена, и тоа во небрано.
Тие го ставиле тој леб од другата страна на вагата и тој натежал над злите дела. Тогаш светлите мажи му рекле на митарот:
- Оди, беден Петре, и додади уште кон овој леб, за да не те земат демоните и да не те поведат на вечни маки.
Кога дошол на себе, Петар почнал да размислува за тоа и разбрал дека она што го видел не било привидение, туку потполна вистина. Притоа, тој се сетил на сите свои гревови, дури и на оние за кои веќе бил заборавил – јасно си ги претставил сите согрешенија. Токму нив, злите демони, откако ги собрале, ги ставиле на вагата. Тогаш, зачуден, Петар помислил:
- Ако еден леб, фрлен во лицето на сиромашниот, толку ми помогна, така што демоните не можеа да ме земат, тогаш колку ли повеќе штедрата милостиња, која се врши со вера и добра волја, им помага на оние кои не се скржави да го раздаваат своето богатство на сиромашните.
И оттогаш тој станал многу милостив, толку милостив што не се штедел ни себеси. Еднаш тој одел кон својата митница. По патот сретнал еден бродовласник: тој бил гол, бидејќи откако му потонал бродот, сосема осиромашел. И ете, кога паднал во нозете на Петар, тој молел да му даде облека, за да може да ја прикрие својата голотија. Петар ја соблекол својата прекрасна и скапа горна облека и му ја дал. Но тој, бидејќи се срамел да оди во таква облека, ја дал на еден трговец за да ја продаде. Кога се враќал од митница, Петар видел дека неговата облека виси на пазарот за продажба. Тоа толку го ожалостило, што откако се вратил дома, тој не вкусил ништо, туку се затворил, почнал да плаче и липа, велејќи:
- Бог не ја прими мојата милостина. Не сум достоен за тоа, сиромашниот да се сеќава на мене.
Така плачејќи и жалејќи, тој задремал и ете, му се јавил еден благообразен Маж, Кој сјаел посветло од сонцето. На главата имал крст и бил облечен во истата облека, која Петар ја дал на уништениот бродовласник. Мажот му рекол на Петра:
- За што жалиш, брате Петре? Зошто плачеш?
Митарот одговорил:
- Како да не плачам, Господару мој, кога на сиромашните им давам од она што Ти си ми го дал, а тие потоа го продаваат на пазар она што им било дадено.
Тогаш, Оној што му се јавил му рекол:
- Не ја препозна ли облеката што Јас ја носам?
Петар одговорил:
- Да, Владико, ја познав. Таа е мојата. Со неа го облеков голиот.
Оној што се јавил, рекол:
- Престани да тагуваш, зашто облеката која ја даде на просјакот, ја примив Јас и ја носам, како што гледаш. Те пофалувам за доброто дело, бидејќи Ме облече Мене, Кој загинувам од студ.
Кога се разбудил, митарот се зачудил и го посакал животот на сиромашниот, велејќи:
- Ако сиромашните се она, што е Христос, тогаш, се колнам во Господа, нема да умрам додека не станам еден од нив.
Тој веднаш го раздал својот имот на просјаците и ги ослободил своите робови, оставајќи само еден од нив. На тој слуга му рекол:
- Сакам да ти кажам една тајна. Пази ја и покорувај ми се. Ако не ја зачуваш тајната и не ми се потчиниш, знај дека ќе те продадам на јазичниците.
На тоа робот му одговорил:
- Господару, јас сум должен да направам сé што ќе ми заповедаш.
Тогаш Петар му рекол:
- Да одиме во Светиот Град, да се поклониме на животворениот Гроб Господов и таму ќе ме продадеш на некој од христијаните, а парите добиени од продажбата, раздај ги на сиромашните. Тогаш и самиот ќе бидеш слободен човек.
Робот се зачудил заради таа чудна намера на својот господар. Не сакал да му се покори и му рекол:
- Да дојдам со тебе во Светиот Град сум должен, бидејќи сум твој слуга. Но, да те продадам тебе, мојот господар, не можам и никогаш нема да го направам тоа.
Тогаш Петар му рекол:
- Ако не ме продадеш, јас ќе те продадам на јазичниците, како што веќе ти кажав.
И тие тргнале кон Ерусалим. Откако се поклониле на светите места, Петар повторно му рекол:
- Продај ме, бидејќи ако ти не ме продадеш мене, јас ќе те продадам на варварите во тешко ропство.
Гледајќи ја непоколебливата намера на својот господар, робот му се потчинил против своја волја. Кога сретнал еден богобојазлив, нему познат маж по име Зоил, кој изработувал производи од сребро, робот му рекол:
- Слушни ме, Зоил, купи од мене еден добар роб.
Мајсторот за сребро одговорил:
- Брате, верувај ми, осиромашив, па нема со што да платам за него.
Тогаш робот му предложил:
- Заеми од некого и купи го, бидејќи е многу добар и Бог ќе те благослови поради него.
Кога поверувал на неговите зборови, Зоил од свој пријател зел на заем триесет златни монети и со нив го купил Петар од робот, незнаејќи дека Петар е негов господар. Робот, кога ги зел парите за својот господар, заминал за Цариград, не рекол никому ништо, а парите ги поделил на сиромашните. Од тогаш Петар почнал да служи кај Зоил. Морал да го прави она на што не бил навикнал: де работел во кујната, де извезувал ѓубриво од домот на Зоил, де ја копал земјата на лозјето. Со овие и со други работи тој го поробувал своето телото во безмерното свое смирение. Зоил, пак, видел дека Петар привлекува благослов кон неговиот дом, како што некогаш Потифар добил благослов заради Јосиф. Видел и дека неговото богатство се умножило. Поради тоа го возљубил Петар и во исто време имал почит кон него поради неговото необично смирение. Еднаш му рекол:
- Петре, сакам да те ослободам. Биди мој брат.
Но, Петар не сакал слобода, туку претпочитал да служи како роб. Често пати другите робови му се потсмевале, понекогаш на секаков начин го оскрбувале, но тој трпеливо поднесувал сè, не кажувајќи ниту збор. Еднаш Петар Го видел на сон блескавиот Маж, Кој некогаш му се јавил во Африка во неговата облека. Држејќи во рацете триесет златни монети, Тој му рекол:
- Не тагувај, брате Петре, бидејќи Јас Самиот ги добив парите за тебе. Потрпи уште, додека не те препознаат.
По некое време, од Африка на поклонение на Светите места дошле некакви продавачи на сребро. Господарот на Петар, Зоил, ги поканил на ручек. За време на ручекот, гостите го познале Петра и си рекле еден на друг:
- Колку многу личи овој човек на Петар митарот.
Кога го слушнал нивниот разговор, Петар се сокрил од нив, за да не го препознаат целосно. Но, тие го препознале и почнале да му велат на домаќинот на куќата:
- Зоил, сакаме да ти кажеме нешто важно. Знаеш ли дека во твојот дом служи голем човек – Петар? Во Африка Петар беше многу познат човек, но неочекувано ги ослободи сите свои робови и некаде се сокри. Кнезот силно е ожалостен и жали што Петар нé остави. Со оглед на тоа, ние би сакале да го земеме со себе.
Стоејќи зад вратата, свети Петар ги чул сите зборови. Ја оставил на земјата чинијата што ја носел и побрзал да излезе, за да избега. Портирот бил нем и глув од раѓањето, така што само според договорени знаци ја отворал и затворал вратата.
Брзајќи да излезе, свети Петар му рекол на немиот:
- Тебе ти зборувам, во името на нашиот Господ Исус Христос: веднаш отвори ми ја вратата.
Тогаш се разврзала устата на немиот и тој рекол:
- Добро, Господаре, сега ќе отворам.
Со тие зборови тој ја отворил вратата и светиот брзо излегол. Тогаш поранешниот нем отишол кај својот господар и проговорел во присуство на сите. Сите во домот се зачудиле кога слушнале дека тој зборува. Веднаш почнале да го бараат Петра, но не го нашле. Немиот, пак, рекол:
- Видете да не избегал и знајте дека тоа е голем Божји слуга. Кога дојде до вратата, ми рече: “Во името на Господа Исуса Христа, тебе ти зборувам, отвори ја вратата.” И јас веднаш забележав како од неговата уста излезе пламен, кој ме допре, и почнав да зборувам.
Сите веднаш се упатиле во потрага на Петар, но не го стигнале. Внимателно го барале насекаде, но не го нашле. Тогаш сите во домот на Зоил заридале и рекле: “Како така не знаевме дека тој е толку голем Божји слуга?” И го прославиле Бога, Кој има многу Свои тајни слуги. Петар, пак, кога избегал од човечката слава, се криел на тајни места до своето претставување пред Бога.
Слава на Господа во веки. Амин.

 
Заветување
 Бог не сака од мене друго, освен да ме спаси. Доволно е да го чувам Неговиот закон. Тоа е најлесниот, најправедниот, најслаткиот закон.
  Бог ќе го поткрепи тој мој мал напор, Бог ќе ми помогне со вдахновението на Својата благодат, со достоинството и моќта на Својот пример.
  За тој мал напор, Бог ќе ми даде вечна награда, за малата тага – вечна радост, за малиот труд – вечна отплата, малото страдање ќе биде наградено со вечна радост и слава.

 
Плод
Осуди го злото што си го направил и почни да живееш според заповедите, бидејќи тоа може да биде твојот последен час.
Принеси се целиот себеси на Бога, со сите душевни и телесни сили.
И денес помоли се со оваа молитва: Ги исповедам пред Тебе, мојот Господ, Бог и Создател, Кој е прославуван и и на Кој се поклонуваме во Света Троица, Отец, Син и Свети Дух, сите свои гревови, извршени во сите дни на мојот живот, во секој час и сега, со дела, со зборови, со мисли: прејадување, опивање, ненавремено јадење, празнословие, униние, мрзеливост, дрскословие, непослушност, клеветење, осудување, невнимателност, самољубие, среброљубие, грабење, лага, кражба, давање на заем со лихва, завист, гнев, оскрбување на ближниот, плотска похот и нечистотија, злопаметење, омраза и она што згрешив со сите мои сетила: вид, слух, мирис, вкус, чувство и со сите душевни и телесни чувства, преку кои Те прогневив Тебе, мојот Бог и Творец, и го навредив својот ближен. Жалејќи за овие свои гревови, признавајќи се себеси за виновен (виновна) пред Тебе, мојот Бог, коленопреклоно паѓам и се каам, помогни ми, Господи, Боже мој, со солзи смирено Ти се молам. Прости ми ги според Твоето милосрдие, сите минати и сегашни согрешенија и ослободи ме од нив, како благ и човекољубец. Амин.
Достојно е навистина да Те блажиме, Богородице, секогаш блажена и пренепорочна, и Мајка на нашиот Бог. Почесна од херувимите и неспоредлива пославна од серафимите, нетлено Бог Словото што Го роди, Тебе, вистинска Богородице, ние Те величаме.
Слава Ти на Тебе, Христе Боже, надеж наша, слава Ти на Тебе.
Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, и сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Господи, помилуј (3).
По молитвите на светите отци наши, Господи Исусе Христе, Боже наш, помилуј нé. Амин.

 Маран Ата   

  http://maranata0.wordpress.com/



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная