логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Мудриот старец- Мирисини Вигипулу

(од книгата „Патување од Јас-Градот во Ти-Градот” од Мирисини Вигипулу)

 

Пред да ја посети палатата на кралицата, Пркос му предложи на својот брат да тргнат заедно на пат. Надмен беше три години постар од него, но, по се изгледа не го делеше неговото воодушевување. Мене ми е тука сосем добро–говореше. „Јас-Градот е најубавиот град. Зошто да се мачиме без причина?” Од друга страна, неговата сестра Амбиција сакаше да оди со него, но родителите не и го одобрија тоа, затоа што била сеуште мала. Така Пркос, откако ги сослуша советите на кралицата, тргна сам на голем пат.
Веќе три дена Пркос чекори сам кон непознатата цел. Помина ридови и долини, но не виде никаков град ниту луѓе. Тргна на пат исполнет со очекувања да доживее авантури, но полека го исполнуваше разочарување. Му недостасува неговиот убав град, кого што го напушти, и се прашува дали Ти-градот е вреден на толкавите маки и труд. Срцето му го зазема тага. Квечерината полека започна да слегува. Се спушта низ еден планински венец барајќи сигурно сокровиште за да преноќи. Одеднаш му се причинува дека чувствува мирис на палеж. Гледа дим кој на извесна оддалеченост се подига зад некои дрвја. Го забрзува чекорот и размислува: кој ли го запалил тој оган? Сигурно некој човек. Приближувајќи се, здогледа влез во една пештера и некој како седи пред неа. Потрча полн со возбуда. Не верува на сопствените очи! Еден старец со долга седа брада седи пред огнот и се чини дека нешто готви.
-Старче, старче!-извикува Пркос трчајќи.
 Старецот станува и му дава знак со раката да се приближи. Пркос стигнува до него задишан. Потреперува со целото тело.
 -Добредојде, добредојде!
 Старецот го фаќа за рамената и го става да седне на една пенушка покрај огнот.
 -Одмори се! Смири се малку, па потоа ќе разговараме.
Го покрива со старо, изветвено ќебе и му дава вода.
 На Пркос му треба време да ја поврати снагата. Помалку поради радост што по три дена повторно виде човек, помалку поради трчањето и вознемиреноста! Прв пат му се случува да му се тресат вилиците и да неможе да изусти ни збор. Го посматра старецот како смирено продолжува да готви. Примети дека тој ни малку не се изненади што го гледа. Помисли дека го очекувал. Старецот вади од лонецот риба и ја сече на два дела. Ја  тура супата во две дрвени чинии.
 -Затоа денес уловив голема риба, бидејќи очекував гостин. Рибата е речна, ќе ти се допадне.
 Пркос беше толку гладен така што и варен камен да му понудеа, ќе му беше вкусен. Јадат молкум. Со топлото јадење и друштвото на старецот, полека се смирува. Но, чудно му е што тој ништо не го прашува.  Зарем не е љубопитен да дознае како едно дете доспеало во оваа пустиња? Одлучува прв да ја прекине тишнита.
 -Го барам Ти-Градот. Дали можеби си чул за него?
 Старецот се насмевнува и клима со главата.
 -Знам по нешто, знам по нешто.
 Пркос скока на нозе, го фаќа за рамиња и го тресе.
 Зборувај, деденце, зборувај брзо! Блиску ли е? Што знаеш за него?
 -Гледам, јадењето те поткрепи целосно. Седи!
 -Мислиш дека ми е до седење? Треба да дознаам сега, вееднаш!Трагам веќе три дена, а ништо не најдов.
 - Сто и три дена да трагаш, пак нема ништо да најдеш!
 -Зошто?
 -Затоа што не трагаш на прав начин.
 Пркос престана да скока и седна.
 Чуј, старче, кажи ми го тоа што треба да ми го кажеш, кажи ми! Јас нема да се вратам во Јас-Градот ако не го најдам Ти-Градот. Добив упатства од мојата кралица.
 Старецот се насмевнува.
 -Ако ги следиш упатствата од твојата кралица, биди сигурен дека нема да го најдеш Ти-Градот, ни за сто години!
 Пркос скокна сиот зацрвенет, како да го каснала оса.
 -Ги почитувам твоите години, старче, но ти забранувам грдо да зборуваш за мојата кралица.
 -Бидејќи гледам дека си многу уморен, подобро легни да спиеш, па наутро ќе зборуваме.
 -Неможам никако да спијам!
 -Па добро! Тогаш јас прв ќе појдам на спиење. Дојди да ти покажам каде ќе спиеш!
 Пркос се тресе од гнев, но се труди да го прикрие тоа. Влегуваат во пештера. Толку е мала што во неа едвај застануваат двајца луѓе. На едниот крај е прострена рогозина.
 -Ти легни тука и покриј се со ова ќебе-му говори старецот.
Пркос сака да го праша старецот каде ќе спие тој, бидејќи не гледа друга рогозина. Но, сепак се премислува затоа што гневот сеуште не му поминал. На крајот од краиштата, тој е гостин, а покрај тоа и дете. Старецот нека прави што сака.
 -Добра ноќ, дете мое!
 -Добра ноќ!-му одговора намуртено.
„Ах, кога би можел малку да поспијам!”-размислува. „Штом зазори, ќе станам и че заминам. Јас самиот ќе го најдам Ти-Градот. Никој не ми е потребен. ”
 Бидејќи некое време се вртеше како чигра, накусо го фати сон. Кога ги отвори очите, сеуште беше мрачно, а старецот го немаше. Излезе од пештерата  го виде како седи на еден камен и го посматра небото. Му се приближи. Сега, бидејќи гневот му помина, сака да му се обрати, но не знае како.
 -Има ли уште многу време до разденување?
 -Не толку. Заминуваш?
 -Сеуште не заминувам. Си помислив, можеби би сакал да разговараме за вчерашната тема?
 -Како што сакаш!
 -Старче, сакам да ме сослушаш и да ми помогнеш!
 -Дете мое, на сите им помагам, никого не одбивам, затоа што треба да знаеш, на човекот му се потребни дури и мравките.
 -Но, сношти не сакаше да ми помогнеш!
 Вчера поради брзаницата беше нервозен, се налути, па беше невозможно да се разговара. За разговор потребен е мир. Најдобар лек против гневот е молчењето. Инаку, во гнев можеш да изговориш непријатни зборови.
 -Имаш право! Денес сум посмирен. Вчера веројатно уморот беше виновен.
 -Сигурно тоа беше во прашање.
 -Значи, кажи ми старче, што знаеш за Ти-Градот?
 -Дете мое, Ти-Градот е најуавиот град кој постои на светот.
 -Поубав од Јас-Градот? Не верувам во тоа!
 -Биди трпелив и сослушај ме. Во тој град нема високи бедеми и ниту големи куќи. Неговата убавина се огледа во нешто друго. Но, никој неможе да влезе во Ти-Градот ако пред тоа не помине низ еден мал, низок премин кој личи на тунел.
 -Јас сум мали и сигурно ќе поминам.
 -Мислам дека сепак си превисок.
 -Па, тогаш ќе ја наведнам главата!
 -Е, токму тука е тајната. За да поминеш низ преминот, не е доволно само да ја наведнеш главата. Прво мораш да го намалиш своето ЈАС.
 -Старче, сега ме збуни!
 Старецот се смее.
 -Гледај, едноставно едноставно ќе ти го објаснам тоа. Што ти рече кралицата пред да тргнеш на пат?
 -Каде и да се наоѓам, што и да правам, секогаш да велам „Прво ЈАС”.
 -Е, гледаш! За да го пронајдеш Ти-Градот, треба да го правиш баш спротивното. На прво место да ставаш ТИ, прво благобитието на другите! Да говориш како твојот ближен е ист како и ти, дури и подобар. Кога тоа ќе го преведеш од зборови на дела, твоето ЈАС ќе се намали.
 - И ќе можам да поминам низ тесниот премин?
 -Ќе поминеш без напрегање. А ако влезеш во Ти-Градот, дури тогаш
ќе видиш! Нема да сакаш повеќе да си отидеш оттаму.
 -Ти мора да си оттаму. Зошто си отиде?
 -Не си отидов. Едноставно, живеам овде за да го покажам патот на оној што бара.
 -Дали е далеку?
 -Можеби е и многу блиску. Од тебе зависи.
 -Како мислиш?
 -Додека одиш кон Ти-Градот, внимавај на своите мисли и размислувања. Секогаш мисли на добро! Се додека така постапуваш, патот ќе ти биде без препреки. Но, ако размислуваш за лошо, ќе ти биде напорно и ќе се заморуваш без причина.
 -Дали е тоа сѐ?
 -Дали ти се чини лесно или тешко?
 -Премногу е лесно!Е, да го знаев ова од почеток! Сега ќе бев во Ти-Градот.
 -Подобро некогаш, отколку никогаш!
 -Попотлно се раздени. Јас би тргнал.
-Прво касни нешто, па потоа оди.
Додека Пркос јаде, старецот му подготвува малку храна за попат.
-Непотребно е тоа што го подготвуваш, старче. Јас, ако не за ручек, ама барем за време на вечерата сигурно ќе бидам во Ти-Градот. Што велиш ти?
 -Се надевам. Но, за секој случај, понеси го тоа со тебе.
Штом сонцето се појави зад ридот, старецот го испрати Пркос.
 -Среќен ти пат, дете мое!
Многу ти благодарам старче, на сѐ што ми кажа!Ќе сакаш ли накусо сѐ да ти повторам, за да видиш дали сум запомнил?
 -Те слушам!
-Над се го ставам благобитието на ближните и секогаш размислувам за добри нешта. Така се намалува моето ЈАС, и влегувам во Ти-Градот.
 -Сѐ си запомнил убаво. Со мојот благослов, тргни со здравје!

-(продложува)


Извор: „Из Ја Града у Ти Град” (издание на Беседа-Нови Сад 2007 година)

 Подготви: Маја Белева
 
 17 август 2012-то  Лето Господово



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная