логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Одговара: отец Горан Тасески


Прашање Ружица: Сакам да ве прашам некогаш  правам работи кои сметам дека се добри,но од кога сум родена се соочувам со разни ситуации, кога бев мала па додека се омажив живеев во страв од фамилијарни проблеми поврзани со моите родители за мене тоа беше еден убав но во моите секавања повеке има кавги,пијанчене од татко ми и др. А од како се омажив се сретнав со други проблеми, немање пари, невработеност, живот под кирија и усте други проблеми. Прашането ми е дали Господ не гледа , дали животот ни е пишан или ние сами си го пишуваме , дали некогаш ќе го најдеме мирот духовен и земски, дали нашите страдања се Божја волја или тоа се наши гревови,.и сакам да прашам кој ги плаќа гревовите, тој што ги сторил или поколенијата?
 
И уште нешсто:
јас не сум крстена но постам без да се прицестам дали тоа несто знаци. инаку јас длабоко во себе цуствувам дека сепак господ постои но се прасувам зосто не ги казнува они кои ни прават лосо свесно и ни го унистуваат зивотот.и знам дека е грев но некои луге премногу ги мразам
нека ми прост господ но само ја казав вистината која знам дека е гресна  доколку заслузувам одговор однапред ви благодарам.

Одговор:

Светото Крштение е врата преку која влегуваме во Црквата Божја а со тоа стануваме учесници во Божјата благодат  која не поткрепува и ни помага да се носиме со проблемите од овој свет,  не просветлува за да лично осознаеме за се она што ни се случува , и не учи за тоа како да делуваме за да се поправиме себеси  а дури потоа и ситуацијата околу нас.
Сето   ова се стекнува со активен духовен живот во Црквата, со наши лични трудови од молитва , учество на богослужбите ,покајание исповед и духовно раковотство од свештеник  и молитви на црквата  за вас  што е исто така многу битно.  амин! Господ со вас, секое добро.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Најново од духовност

Православен календар

 

19/11/2024 - вторник

Свети Павле Исповедник, патријарх Цариградски; Преподобен Варлам Хутински ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Вера имајќи повредна од животот земен,дарувана ви беше о Галактионе и Епистимо, времето дадено за преумување мудро го употребивте поучени...

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная