логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Одговара: отец Горан Тасески

 

Прашање: Мојата сопруга направи абортус.После еден месец почина неисповедана.Дали може и на кој начин Бог да и го прости тој голем грев?

 

Одговор:
Господ по молитвите на светите оци да прости согрешенија волни и неволни.
Човекот додека е жив има можност да се покае за своите гревови  а после смтта ја нема таа можност, а  врз основа на неговиот живот поминат во светот Бог му одредува вечно становиште во Рајот или во пеколот.
Но Црквата Божја како Тело Христово во кое се собираат сите крстени христијани, претставува место каде преку благодаттните љубовни сили и енергии Божји се поттикнуваат членовите на црквата да го распалуваат жарот на љубовта твореќи добродетелство и молосрдност кон сите живи во светот сведочеќи го при тоа во светот постојаниот Љубовен двиг Божји за светот со цел сите да се спасат спознаваќи ја притоа вистината за Бога, за себе си, за светот.  За сите починети пак принесуваќи постојани молитви за нив, изразуваќи ја при тоа љубовта и почитта кон нив како благомирисно кадење кое се воздигнува кон престолот на Милостивиот Бог наш за да и прости гревовите на таа душа и да ја насели во Рајот.
Значи живите членови на црквата Божја се задолжени и преку своето лично покајание и преку усрдни молитви кон Бога, да испросат прошка од Бога за таа душа која ја спомнуваат во своите лични молитви и вршат  милосрдни дела во нејзин спомен, а преку литургиите и помените  за таа душа, целата црква проси од Бога милост прошка и населување во Царството небесно за живот вечен.Амин! 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Најново од духовност

Православен календар

 

19/11/2024 - вторник

Свети Павле Исповедник, патријарх Цариградски; Преподобен Варлам Хутински ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Вера имајќи повредна од животот земен,дарувана ви беше о Галактионе и Епистимо, времето дадено за преумување мудро го употребивте поучени...

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная