логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 
 
 
Во моментот кога падна превезот на таинственост од групата Билдерберг, која уште ја нарекуваа Светска влада во сенка или Четврти рајх, на светот му станаа појасни настаните, како што е светската економска криза, падот на еврото, регионалните конфликти и контролираните војни со неверојатни исходи. Политичкиот врв на Грција е дел од билдербергијанците, заедно со политичката елита на САД, ЕУ и на НАТО. Македонија спроти себе го има фронтот на Четвртиот рајх   
   
   
На 2 јуни годинава по покана на Марио Боргесио, пратеник од Италија во Европскиот парламент, новинарот Тони Гослинг првпат пред европратениците говореше за Билдерберг-тајното друштво на светски моќници и нивната агенда. Како човек кој посветил 20 години од својот професионален живот на оваа тема, тој изнесе податоци кои буквално ја шокираа европската јавност. Чарли Статон, новинар од „Гардијан“, кој ги покриваше последните две годишни средби на билдербергијанците (во Грција и во Каталонија) во исто време го извести светот за агендата на т.н. Светска влада во сенка. Пукна резил од глобални пропорции. Моќната елита, како бубашваба на светло, побегна во скапи ќошиња, а ја остави сервис-службата од угледните светски медиуми да му објаснува на човештвото дека Билдерберг бил само еден обичен богаташки тинк-тенк, кој нормално дебатирал за теми што ги засегаат.

А што ги засегало дознаваме од еден од основачите на Билдерберг, Давид Рокфелер, во здравицата што ја одржал на состанокот во 2008 година, на кој топ-тема била популацијата, односно се разработувала темата за депопулација на планетата и како да се изведе.

„Благодарни сме им на ‘Вашингтон пост‘, ‘Њујорк тајмс‘, ‘Тајм магазин‘ и на другите големи публикации чии директори доаѓаа на нашите средби и го почитуваа своето ветување за дискреција речиси 40 години. Ќе беше невозможно за нас да го развиеме својот план за светот, ако беше изложен на светло на публицитетот. Но светот е пософистициран и е подготвен да маршира кон светската влада. Наднационален суверенитет на интелектуалната елита и светските банкари сигурно е поприфатливо од националната самоопределба практикувана во минатите векови“.

Во истата 2008 година на самитот на НАТО во Букурешт, јадранското јато од три земји-кандидатки одеднаш се сведе на две. Македонија со консензус и со неформализирано вето на Грција, одеднаш извиси. Интересно, не помогна ни Привремената спогодба, која без никакви известувања беше прогласена за мртва, дури и од посредникот Метју Нимиц. Проблем - името и покрај сите зададени и исполнети критериуми од страна на НАТО. Во светло на обелоденетите агенди на билдербергијанците за наднационален глобализиран свет, раководен од ројалистичко банкарската евроатлантска аристократија, и списокот на членови, сега се гледа дека Македонија во Букурешт била жртва на внимателно испланиран акциски план, како мал и релативно евтин, па дури и безболен експеримент, кој треба да создаде преседан за полесно рушење на носечките столбови на ООН. Повелбата и Декларацијата за човекови права. Тогаш стратезите на новиот светски поредок ќе можат слободно и врз основа на сторениот преседан да ги уриваат националните влади на државите и да ги заменуваат со генетски одгледани политичари, лојални на билдербергијанската идеологија.
Лично Јаап де Хоп Шефер, ген-секот на НАТО, да ти бил билдербергијанец. И Хавиер Солана, комесарот за надворешна политика на Унијата. И Сорос, кој во Македонија 20 години гради и одржува мрежа од соросоиди.

РОЈАЛИСТИТЕ ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА

Многу е интересно дека засилениот притисок врз Македонија да си го смени името, доаѓа откако на чело на САД дојде демократската опција. Бил Клинтон, Хилари Клинтон, Медлин Олбрајт, Ричард Холбрук, Џејмс Стајнберг (човекот кој на Груевски му вети пристојна иднина, ако биде храбар и да го спроведе билдербергијанскиот експеримент врз Македонија), Џорџ Папандреу и неговиот министер за финансии Папаконстантину, сите тие се членови на тајниот елитен клуб. Заедно со шпанската кралица Софија, белгискиот принц Филип, холандската кралица Беатрикс и војводата од Единбург, Филип. Што им е заедничко, пак, на овие кралски персоналитети со Македонија. Пред сé, тие се роднини и припаѓаат на една кралска куќа Кобург-Сакс, чии членови преку брачни врски се испреплетени како свински црева и така се вгнездени во безмалку сите европски земји. Конкретно, кралициве и сопругот на британската кралица Елизабета се роднини по грчко-данска линија, оти кога ја измислија Грција за да ја подјадат Отоманската Империја, и поставија свој семеен претставник за суверен. Истото го направија и со Бугарија, Романија и со Југославија. Ројализмот во 19 век беше реставриран, а придобивките од Француската републиканска револуција збришани. Појавата на Македонското републиканско движење во втората половина на 19 век, од куќата Сакс-Кобург е видена како опасна клица што треба да се уништи во корен. И така почна нашата конкретна историја, која по многу нешта е ексклузивна и денес. Значи, не е во прашање само Грција, која бара од нас да извршиме автогеноцид. Си немаме ние работа со грчката моќ и со европските правила на солидарност. Ние Македонците сме си нагрбачиле силен непријател, кој има глобална цел, а сме им застанале на патот. Пребогати се и со пари ја одржуваат својата моќ. Таа досега успеа да ја искашка и компромитира секоја слободарска идеја. Почнувајќи од Декларацијата на слободата на основоположниците на САД до последнава, Шуманова идеја за Европа како дом на слободни народи. Можеби, затоа совршено им одговара алтернативното име под кое се познати - венецијанска црна аристократија.

ЧИЈА Е АМЕРИКАНСКАТА ДРЖАВНА ПОЛИТИКА?

Е сега, интересно е како во ова црно аристократско друштво се вплеткал американскиот општествен крем. Освен парите и безграничната жед за моќ и уште повеќе пари, нема никаква друга причина. Американскиот модел е барем јасен: тие што имаат пари одбираат и одгледуваат политичари како бројлери со конкретни особености и карактеристики што ги внесуваат во високата политика. Конкретно, Барак Обама, како и Бил Клинтон, се произведени во билдербергијанските елитни кокошарници. Оти и претседателот на бордот на „Харвард“ е член на Билдерберг-групата. Кој сака да напредува во политиката, мора да полага испит пред ова друштво. Сега, практично знаеме кој ја креира и ја води надворешната политика на САД. Политичарите се само гласноговорници на банкарите.

Повеќепати сме посочувале дека ништо во политиката не е случајност. Разоткривајќи ги билдербергијанците и нивните тематски конференции, фактички имате јасна претстава зошто, на пример, се случи војната во Ирак (за да се ќарат енергетските ресурси и за да се воспостави долгорочна нестабилност во регионот пребогат со нафта и со евтина работна сила), зошто НАТО отиде во Авганистан (за да се воспостави контрола над производството на хероинот, кој обезбедува енормни суми пари, но исто така, преку создавање наркозависници да се спроведе планот за намалување на популацијата). Гослинг пред европарламентарците објасни зошто се случи преседанот НАТО да завојува со СРЈ, прескокнувајќи го Советот за безбедност при ООН, како се случи отцепувањето на Косово, без да се почитува меѓународното право и резолуцијата на Советот за безбедност, како да се смени во една држава устав во услови на недефинирана војна (Македонија). Се работи за експериментирање со преседани, кои етапно треба да доведат до промена на светскиот поредок. Негово воспоставување преку „реформи“ во ООН, според билдербергијанците треба да се случи во 2012 година. А како што произлегува од обелоденетите планови, тие ја подготвуваат и војната со Иран. На овогодишната тематска конференција, која благодарение на Чарли Скелтон стана глобално обелоденета, се гледа дека Иран е избран за територија, која, преку контролирана војна ќе ги попречи во развојот трите азиски велесили Русија, Кина и Индија. Главна цел им е девастирањето на Русија, односно нејзините речиси безгранични природни ресурси.

Благодарение на откритијата на вистинските новинари-истражувачи, човештвото денес знае дека светската економска криза била смислен проект на Билдерберг, но им избегала од контрола. Има увид и во акцискиот план за идната година: втората половина на 2011 и цела 2012 година се посочуваат како почеток на воспоставување на новиот светски поредок. На Билдерберг-групата и се брза поради Кина. Таму, констатираат во Билдерберг, драматично е намалена корупцијата на високите политички и економски кругови. Воведена е голема финансиска контрола врз функционерите. Го нарекуваат тоа „Фу Џинтао-конспирација“ поради што билдербергијанците не успеваат со своите планови за инфилтрација и загадување. Еве што намислиле да реализираат преку своите политичари:

1. Да продолжи притисокот врз цените на недвижностите. 2. Да продолжи нестабилноста во маркираните држави, вклучувајќи ги и Грција, Турција, Италија, Португалија, Белгија и Австрија. 3. Да се зголемат активностите во Азија. 4. Да се шират успешните индустрии во Индија. 5. Да се зголеми хаосот на американските пазари. 6. Драматично да се подигне нивото на страв и паника во САД. 7. Да се зголеми омразата кон Израел. 8. Да се отвори темата за туризам и спорт со нагласок на фудбалот, трчањето, велосипедизмот и снукерс. 9. Еврото да се стабилизира, а да се гаѓа битанската фунта која треба дополнително да загуби од својата вредност до 30 отсто.

Агендата сега е позната. Билдербергијанците се демаскирани, политичарите јавно обесчестени, реакциите на светскиот плебс се згрозеност и гнев. Кој во Грција, на пример, не се прашува кого претставува, всушност, Јорго Папандреу - Билдерберг или Грција? Кому тој му е лојален, на својот народ кој го избрал или на неговите шефови во Билдерберг? Кого претставува претседателот на ЕУ, Ромпуј, кого не го избраа граѓаните на ЕУ, туку го постави Билдерберг-групата. Чија политика води Барак Обама? Чија политика спроведуваат комесарите на ЕУ кога се членови на Билдерберг? Што сакаат сите овие црни аристократи и пребогати банкари? Чарли Стентон вели: „Една влада која ќе ги преземе архаичните политички структури на националните држави“.

Професија Грк

Ако се прашуваме дали Грција, и покрај банкротот, е толку силна или не ни е јасно зошто толку се врши притисок врз Македонија, преку списокот на членови на Билдерберг ќе добиете јасен увид во состојбите: Дора Бакојани, Јоргос Папандреу, Јоргос Папаконстантину, министер за финансии, Лукас Цукалис ЕЛИАМЕП, Алексис Папахелас, новинар во „Катимерини“, Димитрис Папалексопулос, директор на „ТИТАН-цемент“, Јоргос Алогоскофис, пратеник, Такис Арапоглу, претседател на УО на Националната банка на Грција, Џорџ Давид, директор на „Кока-кола“ во Грција, Јулисис Киријакопулос, претседател на УО на „С и Б-групата“ се билдербергијанци. Така, сега знаеме зошто се вели дека да се биде Грк не е национална определба, ами професија. Оти, лидерите на двете најголеми грчки партии остваруваат агенда дури и на грбот на својот народ. Ако се толку расипани, наивно е да се верува дека ќе покажат доблест, разум и честитост во македонскиот случај. Заклучокот од минатогодишната конференција на Билдерберг за креирањето на светската депресија, оваа година е оценет како исполнет: „Граѓаните на ЕУ се принудени да плаќаат за грчкиот долг и тоа е одлична операција во прилог на банките, кои заработија веќе 18 милијарди евра“.

Укинете го Интернетот!

Билдербергијанците, нивните генетски одгледани протежеа во политиката, образованието и медиумите се избезумени. Имаат пари и моќ, но немаат критична маса за своите проекти. Ниту еден отпочнат проект не им успева. Им се случи она од што најмногу се плашеа, да бидат осветлени од публицитетот. Група храбри и посветени новинари-истражувачи на вистината преку глобалната интернет-мрежа му ги објавија на светот агендите на годишните состаноци на групата Билдерберг и така теоријата за сценарија за конспирација, стана историски факт. Со тој факт сега се соочуваат многу европски национални влади. Гневот е фокусиран на слободната интернет-комуникација. Лордот Питер Менделсон на овогодишната конференција на тинк - тенкот Билерберг, предложи да се ограничи и да се контролира употребата на Интернетот. Оти, веќе им пропаднале златни проекти, како климатскиот самит, свинскиот грип и сл. Светските сурфери му се смеат на Менделсон, исто како што пред некој месец македонската интернет-популација му се смееше на Сашо Ордановски, кој се залага Интернетот да го користат само оние што ќе имаат лиценци или пропусници, кои некој како Билдерберг ќе ги издава. Оти, не можело вака да се води и да се остварува политика!? Народот не ги слуша елитните бројлери, па на толку труд, пропаганда и пари, дури и Македонците не ги есапат локалните активисти на Билдерберг.

Сорос ужива да руши

Разоткривањето на Билдерберг ни ја направи поразбирлива и шпекулативната предаторска природа на „филантропот“ Џорџ Сорос, кој има воспоставено енџио-мрежа во Македонија, која, пак, жестоко притиска Македонците да извршат автогеноцид, одрекувајќи се од името на својата држава. Тој лани се обиде да го спаси од пропаст глобалниот самит за климатски промени во Копенхаген. Не му успеа зашто благодарение на интернет-мрежата пукна резил со снимките од разговори и мејлови на британските климатолози, кои по задача на Билдерберг дваесет години ги лажирале податоците за климата. Пропадна обидот да му се нагрбачи на светското население глобален данок кој ќе завршеше во сефовите на Билдерберг-банките. Сорос им писна на слободните луѓе. Неговиот службеник во Македонија, Владе Милчин, во „Јади бурек“ ни ја објасни велелепната природа на својот газда. Вели: „Сорос помага да се градат институции, кои потоа ужива да ги руши“.

Кој е на списокот на Билдерберг?

Некои имиња од еминентниот список на Билдерберг: холандската кралица Беатрикс, Петер Вошер и сер Џон Кер директори на „Ројал дач шел“, Хавиер Солана, Нели Крос, еврокомесар, Карел де Гахт, комесар на ЕУ, Хоакин Алемуња, комесар во ЕУ, Џемс Волфенсон бивш претседател на ММФ, Бјорн Стигсон, претседавач со Светскиот бизнис-совет за одржлив развој на САД, Хенри Кисинџер, Џорџ Сорос, Бил и Хилари Клинтон, еколошки освестениот Ал Гор, Медлин Олбрајт, Ричард Холбрук, Лоренс Самерс, директор на Националниот економски совет на САД, Петар Сатерленд од Голдман Сакс, Пол Вокер, советник за финансии на Обама, Филип Гордон, помошник-државен секретар за европски и за евроазиски односи, Карл Билт, министер за надворешни работи на Шведска, Ерик Шмит, претседател на управен одбор на „Гугл“, Бил и Мелинда Гејтс, заменик-шеф на стаф на американската армија и член на бордот на конгломератот „Генерал динамикс“ од САД, Густаво Рендилес, медиумски магнат од Венецуела, Дитер Зетце, претседател на УП на „Дајмлер“, претседателот на УО на Дојче банк, директорот на „Норск хидро“ АСА од Норвешка. Дош Сантос Тешеира, министер за финансии на Португалија, Пауло Рагел, европратеник и Франциско Пинто Балсемо, експремиер се дел од португалскиот „винг“ на Билдерберг. Шпанија е застапена со кралицата Софија, премиерот Запатеро, ген-секот на неговиот кабинет, потпретседателот на Сант Андер банката. Данска ја предводат кралицата, Пол Расмунсен, експремиер и Јаап де Хоп Шефер. Тиери де Монбриал од Францускиот институт за меѓународни односи, Маркус Ејгас, претседател на УО на Баркли банка, директор на Би-би-си и зет на Едмунд Леополд де Ротшилд. Почесен претседател на Билдерберг е Белгиецот Етиен Давињон, а членови се белгиска кралица, нејзиниот син, принцот Филип и првиот претседател на ЕУ.

   
    
Автор: Мирка Велиновска 

 

Извор:  http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=6141091553&id=9&prilog=0&setIzdanie=22007#.Ua4pRwu2Y7c.facebook



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная