логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 



Дачиќ: Не сум избран на избори за небеска Србија
 

Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека никој веќе нема право да се крие зад Косово, зашто секој таков обид би завршил со нов егзодус на Србите и додаде дека договорот во Брисел претставува токму укинување на изговорите
 

Во авторскиот текст за денешна „Политика“ српскиот премиер Ивица Дачиќ околу договорот со Косово вели:
 
„Моравме така, зашто во Србија, поради нејзината иднина, веќе никој нема право да се крие. А, богами, нема ниту зад што да се сокрие, особено не зад Косово. Затоа што секој нов обид за криење би завршил со уште еден, сосема видлив и соголен егзодус, со нови жртви, нов губиток и нов пораз.“
 
Дачиќ додава дека во таков случај Косово би продолжило без каква било осуда или одговорност на патот кон Европа, а Србија повторно би била втурната во „длабока балканска дупка на безнадежност, несреќа, глад и чемер“.
 
„Самата суштина на бриселскиот договор е во тоа - да означиме почеток на крајот и крај на почетокот и да најдеме начини да го направиме она за што сме избрани. А избрани сме за Србија да биде земја во која има работа, патишта, училишта, болници, книги, тетари, лекови и задоволни и реализирани луѓе“, нагласува Дачиќ.
 
Српскиот премиер во авторскиот текст додава дека актуелната власт е избрана на земски избори и за земска Србија, а не на небески избори. Тој оценува дека Србија веќе не можела да не прави ништо, туку морала да проба да најде начин. Според Дачиќ, тој начин не е важен не само поради Косово, ниту само поради Србите од Косово, туку и поради целата „ненаселена, сиромашна, невработена и несреќна Србија“.

 ======

======

 

 Дачиќ: Веќе нема криење, посебно не зад Косово
28.04.2013 | 09:13РегионПрочитано: 495Претседателот на Владата на Србија Ивица Дачиќ оцени дека во Србија, поради нејзината иднина, веќе никој нема право на криење, а посебно не зад Косово, затоа што новите обиди за криење би завршиле со уште еден егзодус, нови жртви и нов пораз.
 
Во авторскиот текст за денешна „Политика“ Дачиќ вели дека спогодбата во Брисел претставува крај на почетокот, симнување на бремето од грбот на нацијата, кој го носи веќе 20 години, како и дека девастирањето на Србија морало да заврши.
 
Цитирајќи ги зборовите кои му се припишуваат на Пикасо, творецот на „Герника“, слика на тоталното уништување, тој рече: кој сака нешто да направи ќе најде начин, кој не сака ништо да направи - ќе најде оправдание, наведувајќи дека таа теза најмногу одговара на српската реалност во моментов.
 
„И можеби некој ќе се лути ако се каже дека станавме Герника на Балканот, но никој не може да оспори дека во изминатите 20 години ги доживеавме сите облици на катаклизма. Распаѓање на неколку држави, исфрлање од меѓународната заедница, санкции, сиромаштија, бомби, глад и самоубиствени грабежи на самите себе и сопствениот имот“, наведува Дачиќ.
 
„Секое зло кое сами на себе беспоштедно си го нанесувавме, не сакајќи и не обидувајќи се притоа барем малку за себе нешто да направиме, го правдавме со виши цели, небо, светци, нација“, потенцира српскиот премиер.
 
„Спогодбата во Брисел е крај на почетокот, како што би рекол Черчил, односно симнување на бремето од грбот на нацијата кое го носи 20 години, опасноста дека ќе биде виновна и осудена ако не ја реши невозможната задача. Како на цела Србија да сме и рекле дека мора да најде решение за квадратурата на кругот. Кој не бара - предавник е. Тоа што не постои квадратура на кругот неважно е. Тоа е едноставно национална задача“, објаснува Дачиќ.
 
„Биолошкото изумирање на Србија, девастирањето на нејзината инфраструктура, уништувањето на економијата, културата, науката, здравството, образованието. Сето тоа беше оправдано со големата национална задача, барање квадратура во балканските кругови. Тоа мораше да запре“, истакнува претседателот на српската Влада.
 
„Да признаеме дека во косовскиот круг нема квадрат и тогаш, полека, Србија да почнеме да ја спуштаме на земја. И на таа земја, се уште опустошена, почнавме да бараме начин, а не изговори“, вели тој.
 
„Моравме така, бидејќи во Србија, поради нејзината иднина, веќе никој нема право на криење. А и веќе нема зад што да се сокрие. Посебно не зад Косово. Затоа што новите обиди за криење би завршиле со уште еден егзодус, нови жртви и нов пораз“, смета Дачиќ, дополнувајќи дека тоа би се завршило со нова неправда. „Косово би продолжило, без какво и да е осудување или одговорност кон Европа, а ние повторно би биле турнати во длабоката балканска дупка на безнадежност, несреќа глад и чемер“, вели тој.


 
Дачиќ дополнува дека поради сето тоа мора да биде пронајден начин за излез, начин кој е важен заради Косово, за Србите од Косово и важен за „целата ненаселена, сиромашна, невработена и несреќна Србија“.
 
„И целата суштина на бриселската спогодба е во тоа. Да го означиме почетокот на крајот и крајот на почетокот и да најдеме начин, и начини, да го направиме она поради што сме избрани. А избрани сме за Србија да биде земја во која има работа, патишта, училишта, болници, книги, театри, лекови, задоволни и остварени луѓе“, потенцира Дачиќ.
 
„И избрани сме на земски, а не небески избори, за земска Србија. На оние небеските, за небеска Србија, таа приказна е завршена. Има кој да бира и да суди. И така треба, а ние ќе се занимаваме со нашите работи, на нашата земја. Беа криење. И без изговори, заклучува Дачиќ во авторскиот текст.

Извор: http://24vesti.mk/dachikj-vekje-nema-krienje-posebno-ne-zad-kosovo

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная