Според дефиниција, молитвата е облик на обраќање кон Бог, по пат на воспоставување на однос со Бог, боженство, односно со божица, или со богови. Православните и католиците обично се молат и на светците, Марија и ангелите чувари.
Осуда на Грција за кршењето на верските права на Македонците
Остра критика за Грција поради кршењето на верските права, вклучително и на македонската заедница, искажа американскиот институт „Вен“, кој се залага за почитување на верските слободи во светот. Институтот во своите забелешки тргнува од неодамна објавениот извештај на Обединетата македонска дијаспора, во кој се изнесуваат примери за кршење на правото на вероисповед.
- Положбата на македонското православно христијанско малцинство во Грција е очајна. Грчката влада две децении одбива да даде дозвола да се обнови МПЦ во Аридеја и има воспоставено комплицирани процедури со кои го казнува големото мнозинство на македонското население како, на пример, одбивањето на грчките попови да крштеваат деца со македонски имиња - се потенцира во мислењето.
Во него се посочува дека раководството на ГПЦ, како митрополитот Антимос од Солун, на грчката државна телевизија активно повикува на насилство кон Македонците.
- Мрежа на информатори на ГПЦ, како јавни службеници на грчката држава, соработуваат со тајната полиција за да ги задушуваат македонските активности за поддршка на човековите права во земјата - пишува Институтот „Вен“.
Изор: Дневник