Солунскиот митрополит Антимос на вчерашната богосолужба, побарал од Бога да не и се даде можност на Македонија да ги почне преговорите, а пред своите верници раскажа приказна дека децата во Македонија се учат да ракуваат со оружје против Грција, извести дописникот на Канал 5 од Грција.
- Да даде Господ утре и задутре на овие разговори што ќе се случат под претседавањето на господинот Штефан Фуле и со претставниците на државите од Европската Унија да не се даде таква можност на Скопје да почнат преговори под ФИРОМ за да влезат во Европската Унија – изјавил Антимос.
Тој рекол дека „во нивните училишта децата на 14 – 15 години ги учат употреба на оружје, на воено, без, се разбира да се полни со куршуми и слично.
Антимос изјавил дека „постои таму еден специјален одговорен службеник, кој се вика...ќе го најдеме веднаш, кој се обидува да обезбеди Скопје да влезе во преговори со Европската унија за нивна интеграција под името ФИРОМ, знаете ФИРОМ што значи. Тоа е Република, поранешна Република на Југославија, Македонија. Поранешна Југословенска Република Македонија. Ова тие не го прифаќаат, се обидуваат да го задржат само Македонија. Тоа е нивната страст, нивната борба, нивната агонија“.
Извор:
Инфо