Велика сабота е посветена на споменот на пребивањето на Господ Исус Христос во гробот, и Неговото слегување во адот. Христос е присутен во гробот со телото, а со духот е присутен во адот, истовремено бивајќи на престолот со Отецот и Духот, поради самиот факт што Тој е сеприсутен Бог, неодвоив од другите две ипостаси на Пресвета Троица. Велика Сабота е онаа сабота кога Христос посведочил дека е дојден крајот на стариот век, чиј символ е празнувањето на саботниот ден, и започнува новиот век, во кој се празнува денот на Неговото Воскресение, денот на есхатонот, денот кој сите Христијани со желба го исчекуваат – денот на Второто Христово пришествие.Велика сабота е посветена на споменот на пребивањето на Господ Исус Христос во гробот, и Неговото слегување во адот. Христос е присутен во гробот со телото, а со духот е присутен во адот, истовремено бивајќи на престолот со Отецот и Духот, поради самиот факт што Тој е сеприсутен Бог, неодвоив од другите две ипостаси на Пресвета Троица. Велика Сабота е онаа сабота кога Христос посведочил дека е дојден крајот на стариот век, чиј символ е празнувањето на саботниот ден, и започнува новиот век, во кој се празнува денот на Неговото Воскресение, денот на есхатонот, денот кој сите Христијани со желба го исчекуваат – денот на Второто Христово пришествие.
Извор: http://pravoslavie.mk. Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/velika-sabota/ .