логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Прашање од Марија: Како да не се плашам од смртта?

Одговор:
Секој христијанин кој правилно навлегува во верата, во себе почнува да ги чувствува плодовите од истата. Како што малото дете отпрвин лази, па потоа кога ќе стекне искуство и самодоверба се исправа и почнува да оди, така и оној кој постепено вистински го спознава Бога, обземен од Божествената страшнотаинствена вистина во себе, отпрвин, почнува да чувствува некој прикриен недефиниран страв. Тој страв доаѓа од нашата неподготвеност да во било кој момент од нашите овоземни животи се сретнеме и соочиме со Бога.
Со гревопадот на нашите прародители Адам и Ева, во човекот се случи една промена. Од бесмртен и безгрешен, тој стана смртен (трулежен) и огревовен. Секој човек на овој свет се раѓа со грев (носејќи го првородниот грев на нашите прародители) од кој се очистуваме со Светата Тајна Крштение. Како што смртта и гревот се неприродни карактеристики со кои човекот се раѓа, така и стравот претставува слична особина (како претходните две) со која се стекнува во животот.Човекот во животот се плаши од се и сешто, но најмногу од смртта. Зошто? Пред се поради неговата приврзаност кон овоземните работи: животот, кариерата, семејството и слично, но и поради неподготвеноста да се сретне со Створителот. Па како тогаш чевекот да се ослободи од тоа чувство на страв? Стравот не може да се искорени, но може да се замени со чувство на стравопочит, пред се кон Бога. Која е разликата помеѓу стравот и стравопочитта? За тоа ни говорти Библијата кога споредува два моменти од животите на Адам и пр.Мојсеј. Првиот, откако ја прекршил заповедта од Бога да не вкусува од плодот на дрвото на познавањето на доброто и злото, се уплашил, избегал и се скрил, додека вториот гледајќи ја грмушката која горела, но не изгорувала, немајќи храброст да погледне во истата, односно во Божествената слава, почуствувал стравопочит, но не избегал.
Слично постапиле и Јуда и Св.ап. Петар бидејќи и двајцата се откажале од Г.И.Х. Меѓутоа, првиот од страв и очаен безизлез посегнал кон својот живот, додека вториот со стравопочит и силно ПОКАЈАНИЕ ПОБАРАЛ ПРОШКА. Молитвата, милостината, покајанието, исповедтта и останатите христијански добродетели треба да бидат главни карактеристики и вредности на секој христијанин во животот кои редовно треба да се применуваат. Значи треба да имаме силна вера во милоста Божја и во Воскресението, верувајќи во вечниот живот и редовно пристапувајќи кон Светата Евхаристија подготвени како телесно, така и духовно. Тогаш и Бог ќе ни помогне за неприродниот човечки страв да исчезне од нашите души за да се исполниме со стравопочит, вера, надеж и љубов.

Посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со ’тримерот‘. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е, пред сè, период на посебна...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

Митрополит Струмички Наум: Социјалните мрежи и антисоборното однесување: Современи предизвици за црковното единство

Митрополит Струмички Наум: Социјалните мрежи и антисоборното однесување: Современи предизвици за црковното единство

Многу е карактеристично за ваквата заедница што внатре во неа никогаш и од никого не може да се чуе слово за умно-срдечната молитва, додека пак, што било друго од коешто...

БEСEДА  за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

Или, акo e слугинка oнаа кoја крoткo и мoлчаливo ги пoднeсува ситe наврeди и тeшкoтии, oчeкувајќи самo награда oд свoјoт гoспoдар, тoгаш пак e Прeсвeта Дeва, првата и најдoбрата oд...

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Последици од умислениот живот таму и некогаш се: очајание и напуштање на конкретниот подвиг, апокалиптични проекции во кризни ситуации, зависност од социјални мрежи, неуспех, неблагодарност, незадоволство, незнаење итн...Има и друго...

« »

Православен календар

 

10/04/2025 - четврток


Велигденски пости;
(строг пост)

Преп.Петар Мегленски;св. Иларион Мегленски

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов исповедник Марко, ѓакон Кирил и други маченици 11 април/ 29 март  2025

Тропар на светиот Христов исповедник Марко, ѓакон Кирил и други маченици 11 април/ 29 март 2025

Крвта ваша повика кон неботоо, свети маченици Христови,Марко епископ белата коса по патишта и блато ја остави,тело избодено и на...

Тропар на преподобниот отец Иларион нов исповедник 10 април/28 март  2025

Тропар на преподобниот отец Иларион нов исповедник 10 април/28 март 2025

Црквата земна тебе Иларионе слава ти воздава,и сите ги просиме твоите молитвипред Господа нашиот Спасител,кого ти исповедниче пред вселената го...

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2025

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2025

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Манастирски посни рецепти

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная