На 23 ноември 2011 година, со почеток во 12 часот ќе се одржи првото претставување на најмладата генерација македонски поети и прозаисти, во Друштвото написателите на Македонија. Со оваа активност, најстарата македонска писателскаасоцијација сака да даде искрена и недекларативна поддршка на младатамакедонска литература.
Со свое пригодно обраќање, книжевната средба ќе ја отвори поетот Раде Силјан, претседател на ДПМ, а за естетско-уметничките вредности на творештвото на младите македонски автори, како и за нивното значење за македонската книжевност, со свој критички осврт ќе се произнесе проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.
Во рамки на литературното читање, со дел од своето творештво ќе се претстават: Звонко Танески, Марта Марковска, Игор Крајчев, Анета Василева, Јулијана Величковска, Мане Манушев, Искра Донева, Маја Којчева, Славица Гаџова, Драгана Евтимова, Ѓоко Здравески, Живко Грозданоски, Давор Стојановски, Томислав Каранфиловски и Иван Антоновски.
Со оваа активност, ДПМ сака да оствари сериозен влог во достојното промовирање нанајновата развојна етапа на современата македонска книжевност.
*****
Иван Антоновски - редовен член на ДПМ <Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.>