логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Почитувани,

 

Националната галерија на Македонија најавува на 3 декември 2010 година (петок), во 12 часот, во објектот Даут пашин амам, отворање на изложба по повод сто години од раѓањето на Димо Тодоровски - првиот академски образуван скуплтор во Македонија.
Оваа година Националната галерија на Македонија, и целата наша културна јавност, ја одбележува стогодишнината од раѓањето на Димо Тодоровски (1910-1983). Неговото уметничко творештво го претставуваме во јавноста  ретроспективно, согледувајки го по многу години, под друг агол, под друга светлина.
 Сто години е убав повод за повторно да ги разгледаме уметниковиот живот и кариера и  пак да го преоцениме неговото место во историјата на уметноста во нашата земја.  Уметникот Димо Тодоровски е прв академски образован скулптор во Република Македонија, исто така тој припаѓа на групата први ликовни педагози во нашата држава.
Во малата група пионерски личности, основоположници на современото македонско ликовно творештво, спаѓа и Тодоровски (1910, Солун - 1983, Скопје). Денес јасно се профилира историската улога на Димо, во една од најдинамичните области на македонската национална историја. Димо Тодоровски  ја имаше честа и големата културна и историска одговорност да биде основач на модерната македонска уметност заедно со Димитар Пандилов, Лазар Личеноски и Никола Мартиноски.
          Димо Тодоровски е роден на 12.11. 1910 г. во Солун.  Во 1929 г. се запишува во Уметничката школа во Белград, а во 1935 ја завршува Уметничката школа со академски курс на скулпторскиот отсек во класата на П. Палавичини во Белград. Од 1945  до 1979 г. учествува во
формирањето на Уметничката школа во Скопје и е еден од првите професори. Таму останува до заминувањето во пензија во 1979 г. Исто така тој е еден од основачите на Уметничката галерија во Скопје во 1949 г.  Во 1969 г. е избран е за дописен член на Македонската академија на науките и уметностите. Димо Тодоровски умира во 1983 г. во Скопје.
      Голем број дела се наоѓаат во Националната галерија на Македонија, во Музејот на современата уметност во Скопје, во МАНУ, како И голем број  монументални споменици низ нашата земја, (во Трница, Крушево, Велес, Струга и т.н. )
Автор на јубилејната изложба:  Димо Тодоровски-100 години од раѓање е Мирјана Талеска, кустос советник во Националната галерија на Македонија.
Изложбата се реализира во соработка со Македонската академија на науки и уметности и е подржана од Министерството за култура на Република Македонија.
За делото на Димо Тодоров на отворањето ќе говорат госпоѓа Маја Крстевска, директор на Националната галерија на Македонија, академик Георги Старделов, претседател на МАНУ и академик Цветан Грозданов.

 


Со почит,
НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА




dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная