Бесплатни видеопроекции на голем број филмски хитови, како "Хари Потер", "Пиратите од Карибите", трилогијата "Матрикс", "Борат" и други, ќе се случуваат секоја вечер на градскиот плоштад во Скопје, и во Градскиот парк, зад споменикот на Гоце Делчев.
Ова изненадување од "Т-Home", ќе започне од вечерва, 21,30 ч., со последниот Џејмс Бонд филм, "Казино Ројал".
Од таму велат дека следуваат голем број подароци за дел од присутните, а секако и големи и удобни перничиња за седење, заради целосно уживање во филмската проекција, по која присутните ќе можат да се забавуваат со музиката на ди-џеи.
Освен во Скопје, вакви проекции ќе има и во Тетово, Струмица, Битола, Прилеп и Охрид. (Де.Т.)