логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Скопје, 23 март (МИА) - Чешкиот и светски филмски режисер Јиржи Менцел, кој важи за еден од класиците на 20 век, утре и задутре ќе гостува во Кинотеката на Македонија. Неговата посета ја организираат Амбасадата на Република Чешка и Европската филмска академија ЕСРА, во соработка со Националниот филмски архив на Чешка.

Менцел (1938) ќе биде промовиран во професор honoris causa  на ЕСРА, а Кинотеката ќе му додели Повелба за особен придонес во светската кинематографија. За време на престојот во Македонија, во вторник и во среда Кинотеката ќе ги прикаже неговите два најпознати филма „Строго контролирани возови“ (1966) и „Село мое мало“ (1985), а поради големиот интерес ќе има по две проекции, во 20 и во 22 часот. Влезницата е 50 денари.

За црната комедија „Строго контролирани возови“ Менцел доби оскар за најдобар странски филм во 1967, а за истото признание беше номиниран и во 1986 за „Село мое мало“. Покрај овие два култни филма на Менцел, во светското филмско културно наследство остануваат и антологиските „Животот и необичните доживувања на војникот Иван Чонкин“, „Стрижено-косено“, „Питачка опера“…

Овие филмови, како и филмовите на Вера Хитилова и Милош Форман, ја обликуваа естетиката на новиот чешки филм, кој почна во првата половина на шеесеттите години од минатиот век и му припаѓаат на „златниот период” на чешкиот филм. Во својата режисерска кариера тој најмногу соработувал со директорот на фотографија Јарослав Шофр, актерот Вацлав Нецкар и со писателот Богумил Храбал. Овој уметнички квартет заедно има потпишано неколку филмски дела од самиот врв на чешката и европската кинематографија.

Неговата филмска преоокупација е навестена уште со  првиот филм „Смртта на господинот Балтазар“ - прв дел од „Бисери на дното“ (1965), работен според прозата на Храбал. Тој омнибус се смета за манифест на чешкиот нов бран. Менцел е вброен меѓу столбовите на чешкиот нов бран во филмот, а филмолозите го ставаат во редот на големите француски претставници на „новиот бран“ Годар, Рене, Трифо – режисерите кои внесоа нова синтеза на сликата, тонот и монтажата.

Во филмскиот опус на Менцел провејува специфичен, претходно не толку присутен вид хумор, кој е повеќеслоен и повеќезначен. Филмските комедии му станаа култни во тој жанр не само во чешки, туку и во европски и светски размери.

Во 2006 година Менцел го заврши спектакуларниот филмски еп „Му служев на англискиот крал“, а неговиот снимател Шофр за тој филм се закити со главната награда на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“.

Менцел е добитник на „Златна камера 300“ за особен придонес во светската кинематографија, која лично ја прими на 13 април 2001 во Скопје. Меѓу многуте филмски награди што ги добил е и „Златна мечка“  на Берлинскиот фестивал во 1990 за „Ластовички на жицата“. Во 1989 Француското министерство за култура го одликува со Орден за уметност и писменост, а подолго време е член на Американската филмска академија. Во 1996 е одликуван со Медал за заслуги, лично од чешкиот претседател Вацлав Хавел.

Менцел настапувал и како актер. Играл во некои свои, но и во филмови на други чешки, унгарски, австриски, германски и француски режисери. Има триесетина забележителни ролји на филм и телевизија, но и во театарот, особено соработувајќи со Драмскиот клуб во Прага. Менцел повремено пишува сценарија, предава режија, автор е на книги есеи, а во последно време е се поприсутен како режисер на театарски претстави.хс/са/11:05



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная