Почитувани,
Ве информираме дека на 11.02.2009 (среда) во 20:00, во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица ќе се отвори изложба на новинарски фотографии на Марко Георгиев.
,, Фотографијата на Георгиев фиксира временска рамка која во умот на набљудувачот буди емоција и доближува одреден амбиент. Негова ултимативна цел не е да прикаже убаво спакувана дадена реалност, туку да влезе во ринг со конвенционалното согледување и да не натера да се замислиме.... Во неговите фотографии ликовите не се само статисти, објектите немаат само форма, туку со нив се опфаќа вистинската акција, најчесто повеќе акции кои се одвиваат паралелно во дадениот момент.... “
Марко Георгиев е роден во Скопје, Македонија во 1974. Дипломирал на Факултетот за ликови уметности во Скопје, 2003 година. Во 1999 има добиено целосна стипендија за завршување на студиите на Рутгерс Университѕ, Њу Џерси. Од 2003 година работи како слободен фоторепортер за Њујорк тајмс, АП, Тхе стар Ледгер, Геттѕ, ЊПН и други агенции и публикации во регионот. Покрил 5 урагани, вклучувајќи го и ураганот Катрина, војната во Ирак, граѓанската војна во Непал и многу други настани и стории. Има реализирано свои самостојни изложби и има учествувано во бројни групни изложби во Македонија и надвор.
Покануваме новинари, сниматели и фоторепортери да го проследат настанот.
Благодариме за соработката.
НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
Директор
Маја Крстевска