логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Костуранов: Она што најмногу ве допира излегува на платното


„Улица љубов“ е насловена изложбата на ликовниот уметник Ване Костуранов, што овој четврток, на 12 март, во 20 часот, ќе биде отворена во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. Постановката доаѓа по две години од „Небо во лицата“, а за куќите на Костуранов поетот Никола Маџиров ќе забележи дека „изгледаат природно надвор од симболите на градот, надвор од природните синџири на урбаната законитост“ и дека „тие се вертикали на присуството во потрага по својот дом“.



„Улица љубов“ е циклус во формирање и јас очекувам уште многу слики од оваа серија. Барем така чувствувам сега и тој порив за сликање е многу силен. Едвај чекам да заврши изложбата и пак да му се вратам на атељето.
Верувам дека ова е само почеток на серијалот. Овие слики што ќе бидат изложени во Галерија МКЦ се работени во последниве година дена, така што се надевам оти овој циклус ќе трае уште многу повеќе.
Ване Костуранов, уметник.

Вака ликовниот уметник Ване Костуранов ќе ја започне сторијата во пресрет на својата нова, десетта самостојна изложба што треба да биде отворена овој четврток, на 12 март, во 20 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје.

„Верувам дека ова е само почеток на серијалот. Овие слики што ќе бидат изложени во Галерија МКЦ се работени во последниве година дена, така што се надевам оти овој циклус ќе трае уште многу повеќе“, вели Костуранов.
Сега се куќи, но едновремено и личности на некој начин. Тоа што исто така е слично се и разиграноста, колоритот, радоста и љубовта што тие со себе ги носат.
Ване Костуранов, уметник.

Постановката инаку доаѓа по две години од претставувањето на „Небо во лицата“ и за неа авторот знае да каже дека промената се состои во тоа дека овој пат се претставени куќи наместо луѓе. Сепак, како што појаснува, чувствува дека во многу нешта станува збор всушност за некој спој на луѓето и куќите што ги работел пред некаде десеттина, можеби дванаесет години.

„Сега се куќи, но едновремено и личности на некој начин. Тоа што исто така е слично се и разиграноста, колоритот, радоста и љубовта што тие со себе ги носат“, вели тој.
Кога влегувам во атеље, тоа е процес на осамување и процес на прочистување од сите тие нешта што стојат на површина. И ако притоа слезете подлабоко во вас и она што ви е најважно, она што ви остава најмногу впечаток, најмногу ве допира, мислам дека тоа едноставно излегува на платното. Барем јас така чувствувам. Не можам да тврдам до крај.
Ване Костуранов, уметник.

Говорејќи за сопственото творештво, Костуранов забележува дека во него, во последниве неколку години, очебијно е влијанието на раѓањето на неговите деца. Откако тие дошле на свет, сликите му станале поколоритни и полни со љубов. Се обидувал тоа да си го објасни во контекст на сета грдотија на времето во кое живееме, за да конечно констатира дека во процесот на работа на виделина излегува неговата со ништо недопрена интима.

„Кога влегувам во атеље, тоа е процес на осамување и процес на прочистување од сите тие нешта што стојат на површина. И ако притоа слезете подлабоко во вас и она што ви е најважно, она што ви остава најмногу впечаток, најмногу ве допира, мислам дека тоа едноставно излегува на платното. Барем јас така чувствувам. Не можам да тврдам до крај“, вели уметникот.

Роден 1979 година во Струмица, Ване Костуранов активно се занимава со сликарство петнаесетина години. Учествувал на повеќе групни изложби, а одржал и 9 самостојни. Уште како дете повеќе сакал да се изразува со цртежи и слики, отколку со зборови. Од таму тој несомнено е сликар – поет. Пишува поезија со бои. Неговите платна се песни, а секој нов циклус и нова стихозбирка натопена со емоции.

„Тој мој недостаток од умеење со зборови веројатно е пренасочен кон умеење со бои. Така да тоа што го чувствувам, да кажеме таа поезија што сакам некому да му ја пренесам, ја пренесувам со боите. Е, сега колку успешно го правам тоа тоа е друг муабет“, вели Костуранов.

Во контекст на ова, повеќе од разбирливо е што и оваа негова изложба во МКЦ ќе ја отвори неговиот пријател од детството, поетот Никола Маџиров.

„Со Никола сме првин добри пријатели и се знаеме многу, многу одамна. Потем сме другари, комшии, кумови... Поврзани сме на многу начини. Сепак, она што нè упатува еден на друг најверојатно е сензибилитетот. Изгледа дека се наоѓаме на иста бранова должина. Неговата поезија, не само мене, туку мислам дека нема човек што не го допира силно, така да навистина има безброј причини зошто токму тој се јавува како говорник на моите изложби“, вели Костуранов.

Инаку, по Скопје, во април „Улица љубов“ ќе биде изложена во Струмица, а потем уште во неколку градови низ Македонија за што преговорите се во тек. Во меѓувреме сликите на Костуранов се достапни он-лајн за сите што сакаат да ги видат и како што вели самиот „нешто посебно не размислувал за нивно физичко претставување на интернационалната сцена со забелешка дека во иднина е отворен за секаков вид соработка“.

„Доколку дојде до некаква сериозна понуда од некого веројатно би го направил и тој чекор. Сепак, морам да кажам, дека како уметник јас не размислувам така „менаџерски“ и сам да тргнам во поход. Некако оставам сликите сами да си го направат тоа и да се изборат за своето место“, вели Костуранов.

 

http://www.makdenes.org/content/article/26891922.html



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная