Скопје, 3 август 2012 (МИА) - Во Скопје, Охрид и Свети Николе денеска истовремено ќе биде отворена хуманитарна изложба на скулптури од уметникот Сергеј Цингулоски.
Скулптурите, вкупно 90, се направени од дрво и ќе бидат на продажба по цена од 2.000 до 4.000 денари. Половина од собраните средства се наменети за поддршка на СОС Детското село Македонија каде што моментно се 90 деца без родители и родителска грижа, како и 400 деца кои живеат во своите семејства, но се социјално загрозени.
Изложбата ќе трае две недели, до 17 август годинава. мч/паг/8:35