По повод јубилејот 30 години од формирањето на Повардарската епархија,
како и 50 годишнината од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква и 10 годишната архипастирска служба на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Повардарската епархија на 10. 05. 2008 година, ден сабота со почеток во 17, 45 часот ќе организира пригодна свеченост со која ќе бидат одбележани јубилеите.
Свеченоста ќе започне со Воскресна Вечерна Богослужба на која ќе чиноначалствува Митрополитот Брегалнички г. Иларион, а по завршувањето на Вечерната Богослужба ќе биде организирана Духовна академија на која ќе настапи маестро Борис Трајанов, црковниот хор „Св. вмч. Пантелејмон“ од Велес, актерката од народниот театар во Велес, Весна Димитровска со „Монолог за Свети Климент“, а излагање по повод јубилеите ќе одржи Митрополитот Повардарски г. Агатангел.
Следниот ден, 11. 05. 2008 година, со почеток во 08, 30 часот, ќе биде отслужена Света Архиерејска Божествена Литургија на која ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан, во сослужение на сите Митрополити, членови на САС на МПЦ, монаштвото, свештенството и ѓаконството на Македонската Православна Црква.
Повардарската епархија ги поканува сите верни чеда на Македонската Православна Црква да присуствуваат на одбележувањето на овие настани.
Место на одржување на свеченостите: Соборен храм „Св. вмч. Пантелејмон“ Велес