логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Papka.23

Најава за Осмиот Меѓународен филмски фестивал за духовни и хумани вредности

“Богородичен Покров”

Осмиот по ред Меѓународен филмски фестивал за културни, духовни и хумани вредности - “Богородичен Покров“, кој е единствен од ваков жанр во нашата држава, се одржува со благослов на г.г.Стефан, Архиепископ Охридско Македонски.

Истиот годинава се одржува on line од 25 ноември до 1 декември 2023. година.Во програмата на фестивалот се прикажуваат документарни филмови посветени на културното, духовно наследство и хуманоста, како и историски и биографски филмови.

Фестивалот е основан 2016. година и досега е поддржан од 12 Амбасади во државата и бројни стопански субјекти.

Почесен претседател на фестивалот беше проф. д-р Јован Таковски, протојереј –ставрофор, од 2016 до 2022 година, одликуван со златен медал “Св. Климент Охридски” на државно ниво. За жал, тој годинава се упокои и во негов спомен Фестивалот ќе започне со неговото последно, досега необјавено интервју, посветено на јавувањето на Пресвета Богородица во село Умлена, каде што тој лично бил сведок. Интервјуто ќе се емитува на 25 ноември, сабота, во 21.00 часот,

линк на македонски https://youtu.be/YAKAr6XJvwY

линк на српски - https://youtu.be/gQYd0dXiz-M

Од годинава, нов почесен Претседател на Фестивалот е проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, професор на Богословски Факултет “Св.Климент Охридски” во Скопје, автор на многу дела и трудови од доменот на богословските науки и поранешен амбасадор на С.Македонија во Светата Столица, Ватикан.

Свеченото отворање на Фестивалот ќе биде на 25 ноември, сабота, во 21.30 минути со српскиот документарно-игран филм посветен на големиот Светител Јаков Тумански, на Coolture- Србија, ЛХС студио, Артпроект тим и УТС продукција, а чиј продуцент е и г-дин Милан П. Киќевац, кој по овој повод има и интервју за МИА. Филмот имаше промоција минатата година во Белград и предизвика голем интерес кај публиката, а го следеа 18 ТВ куќи од Србија. линк до филмот - https://youtu.be/_hqsEnuUXbw

Свеченото затворање на Фестивалот е на 1 декември, во 21.00 часот со рускиот филм “Господе! Го чуствувам твоето доаѓање”. Овој најнов документарен филм е посветен на најголемиот режисер на сите времиња Андреј Тарковски, чие сценарио се состои од необјавениот негов дневник и интервјуа и е илустриран со неговите филмови.

линк до филмот на македонски - https://youtu.be/2rGfUqNBhmA

линк до филмот на српски - https://youtu.be/AzDv6e05q8Q

Програмата на фестивалот , која е во прилог, се состои од руски, српски, романски и македонски филмови.

Генерални покровители на фестивалот се, традиционално, Руската Амбасада во Скопје, благодарение на големата поддршка на г-динот Амбасадор г-дин Сергеј Баздникин, Европскиот Универзитет од Скопје, кој секоја година доделува бесплатно школување – четиригодишна стипендија за највредниот волонтер на Фестивалот, а оваа година и г-ѓа Гордана Драгиќ, од Нови Сад, д-р по вибрациона медицина и г-дин Миломир Стојановиќ, основач на MPS Enterprise Inc. од Канада.

Фестивалот е посебно поддржан од ТВ 5 со превод на одреден број филмови од програмата на овој Фестивал, како и од други спонзори и пријатели на Фестивалот.

Медиумски покровители се Канал 5, МИА, ТВ Сител, МТВ, Алфа ТВ, ТВ Сонце, Вечер, Нова Македонија, Премин Портал.

Основачи на Фестивалот се покојниот Коле Јовановски, инаку монтажер во МРТ и режисер на бројни духовни филмови и Зорица Костовска, основач и директор на Фестивалот, поранешен 10 - годишен член на Меѓународната Академија на Телевизиски Науки и Уметности во Њујорк - Еmmy Awards, ТВ и филмски продуцент, дипл. дипломат и дипл. теолог.

Инаку, фестивалот нема комерцијален карактер, сите филмски проекции и програми се бесплатни. Мисијата на Фестивалот е да ги негува и шири духовните вредности меѓу луѓето и да се едуцираат младите генерации во насока на духовност, љубов, добрина, морал и пожртвуваност !

Организацијата е на Топ Ворлд ТВ продукција од Скопје, која е основана во 1994 година, а чија определба е да негува општествено полезни, духовни, етички и хумани проекти.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная