логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Промоција на монографијата посветена на животот и творештвото на скулпторот Анета Светиева
Даут пашин амам
19 мај (петок) 2023, 12.00 часот

Ликовното творештво на Анета Светиева

Слоевитоста на животот и комплексноста на творештвото на Анета Светиева, вкрстување на нејзините животни тешко проодливи патишта и ситуации со нејзиното дело, колку и да го отежнуваат нивното ткаење, беа и нејзината единствена вистинска патека кон духовната слобода, а со тоа и го овозможија и замавот за градење на еден специфичен и автентичен свет, со целосна предаденост на барањето на вистината и во животот и во творештвото: бескомпромисност во ставот кон вредносниот систем и перманентно барање на универзалните вредности.Истрајноста во љубовта кон творештвото и кон земјата како материјал и како традиција, кон обликот што го создава без нагласено да се забележат нејзините немири и страдањата… се одразија во симболиката на изборот на митските суштества.

Во 60-тите години, скулптурата на Светиева подразбира анатомски истражувања, со понагласен експресивен гест и меко моделирање со прсти, во 70-тите ја надградува и усовршува формата, за да во 80-тите го пречистува и смирува обликот ставајќи го акцентот на слоевитоста на духовната енергија, напластена во формата, додека надворешната епидерма станува прегнантна мембрана што го обвиткува вкочанетиот и достоинствен облик - оди кон замрзнување на формата.
Во своите први настапи во седумдесетите години, кога сеуште е присутен плуралистички приод кон делото, направи помак кон една прочистена уметничка поларизација, непослушно се одметна од академските стереотипи и влезе во зоната која го означи ликот и духот на нејзината скулптура, која критиката ја дефинира како дела со јасен концептуален и изведувачки проседе, вон од тогашните вообичаени јазички модели.

Основните карактеристики на скулпторскиот опус на Светиева подразбираат груб, “недовршен“, статичен, траен облик, тактилно, меко моделирање, симболична, суптилна употреба на боја, на врежани орнаменти и на бели инкарнати, исклучителен респект кон материјалот и неговите законитости, лесно совладување на просторот до степен на негвото асимилирање, како и употреба на антропоморфни, зооморфни, флорални и предметовидни форми, просопоморфни обележја, андрогени, биполарни суштества. Сите тие заедно, со своите варијабилни содржини, можат да се групираат во циклусите Река (1 и 2), Двојници, Кај убавицата и Sверот (или Ерос и Тантос).

Интуитивно чувствуваше дека од архаичното, од македонското поднебје, од Балканот, од древните култури, може да се извлече една универзална вистина за автентичните идентитети, со длабока верба во тоа дека таа жива вистина за вредностите нема временски ограничувања, туку е една постојана потрага по сопствените рапсодии, по ликовите во нејзината балканска, вонвременска сага, една голема дарба за паметење на животот и на судбината на човекот.Скултурата на Светиева е оригинална и во најголема мерка осамена појава. Во сликањето на животот, на човековите траги во времето и во просторот, ја покажа својата голема дарба: од елементарните животни ситуации врзани за обичаите, навиките, сеќавањата… создаде импозантно уметничко дело. Доколку внимателно ги следиме исечоците од нејзиниот внатрешен свет, можеме да го склопиме мозаикот на движечката сила, на симбиозата на нејзиниот живот и на нејзиното дело.Да се осети лепливата маса, да се доживее скулптурата, значи вистински, целосно да се почувствува духот на Анета Светиева.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная