Македонската академија на науките и уметностите има чест да Ве покани на Редовното годишно собрание на МАНУ.
Дневен ред:
Експозе на претседателот на МАНУ, акад. Љупчо Коцарев – Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во 2021 година и предизвици на МАНУ и на земјава во претстојниот период, а пред сѐ во 2022 година.
Предлог-извештај од Претседателството на МАНУ за работата на Македонската академија на науките и уметностите во 2021 година.
Предлог-програма од Претседателството на МАНУ за работа на Македонската академија на науките и уметностите во 2022 година.
Излагање на секретарот на МАНУ, доп. член Изет Зеќири, за финансиските планови на МАНУ за 2022 година.
Предлог од Претседателството на МАНУ на финансискиот план на Македонската академија на науките и уметностите за 2022 година на сметката на основен буџет (637).
Предлог од Претседателството на МАНУ на финансискиот план на Македонската академија на науките и уметностите за 2022 година на сметката на буџет од самофинансирачки активности (787).
Предлог од Претседателството на МАНУ на финансискиот план на Македонската академија на науките и уметностите за 2022 година на сметките на буџет на донации (785).
Настанот ќе се одржи на 23 февруари (среда) 2022 година, со почеток во 12 часот, во Свечената сала на МАНУ, во согласност со препораките и мерките на Владата за спречување, внесување и ширење на корона-вирусот.