Македонската академија на науките и уметностите и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ денеска во МАНУ ќе организираат научен собир за 190 години од раѓањето и 100 години од смртта на собирачот на македонски народни умотворби Марко Цепенков (1929-1920).
Излагања во три сесии ќе имаат 18 академици, професори и доценти од МАНУ, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (Филолошки факултет „Блаже Конески“), Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, а излагање ќе има и професорот Иванчо Талевски од Универзитетот Пенсилванија во Филаделфија, САД.
Научниот собир ќе се одржи согласно со здравствените протоколи за заштита од КОВИД-19.
Извор: