логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Врвни новинари истражувачи од BuzzFeed News, Google News Lab, La Republicca, Welt, Lupiga од 25 до 27 октомври во Кино Култура ќе ги споделат своите искуства и филмови на второто издание на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје. Водечка тема ќе биде „Truth, lies & likes/„Вистината, лагите и лајковите

Ако порано „лагата шеташе половина свет, додека вистината уште ги облекуваше чевлите“, денес технологијата ѝ дава инстант билет на лагата до секоја точка на Земјата, додека вистината уште се бори да игра по старите правила во новата дигитална ера. Заедно со низа позитивни аспекти и безброј можности, онлајн-сферата донесе и феномени како лажните вести, отворено поле за политичка пропаганда, манипулации, спинови и уште полесно наметнување на разните агенди од центрите на моќ. Борбата за јавниот интерес и потрагата по вистината како главна мисија на новинарството, стануваат сѐ потешки.

Големиот интерес на публиката за дебатата на првото издание на фестивалот „Македонија и феноменот на лажни вести“ ни покажа дека иако секој има различно видување за тоа што е вистина, сепак многумина сме обединети во желбата да ја пронајдеме.

Затоа, второто издание на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје ја разгледува вечната борба за превласт меѓу вистината и лагата, која кулминира во дигиталниот 21 век. Фестивалот го организира Платформата за истражувачко новинарство и анализи и партнерите ФЕС - Скопје.

Започнуваме со Џејн Литвиненко (Jane Lytvynenko) од BuzzFeed News, со која ќе ги бараме начините за дознавање на вистината и справување во дигиталниот универзум преку проверка на фактите.  Првиот фестивалски ден ни го носи и истражувачкиот документарец на британската телевизија „Channel 4, Inside Facebook: Secrets of the Social Network“, овозможувајќи ни редок увид зад кулисите на социјалната мрежа, во светот на модераторите кои одлучуваат меѓу цензура и слобода на говор на омраза.

На второто издание на ИФФС, за прв пат имаме и претставник на Google, Daniel Rzasa од нивната програма Google News Lab, кој ќе ги претстави можностите што најновите дигитални алатки им ги нудат на современите новинари. Новинарската лабораторија на „Гугл“ е тим кој е дел од Google News Initiative чија мисија е да соработува со новинарите и медиумските претприемачи за да придонесе во иновацијата во новинарството.

Годинава ИФФС ќе пречека и тројца врвни истражувачки новинари од Германија, Анете Довидајт (Anette Dowideit) од Welt, Фолкер Штајнхоф (Volker Steinhoff) од најстариот истражувачки ТВ-магазин Panorama и Оливер Шром (Oliver Schröm), главен уредник на CORRECT!V, со кои ќе разговараме за предизвиците со кои се соочува истражувачкото новинарство во Германија, како и опасноста од ширење лажни вести и дезинформации во Европа.

Со истражувачкиот новинар Карло Бонини (Carlo Bonini) од италијанскиот весник „Ла Република“ и Мат Сарнецки (Matt Sarnecki), продуцент од The Organized Crime and Corruption Reporting Project (OCCRP) ќе го разгледаме сериозниот ризик кој ги следи новинарите во секоја нова потрага по вистината и ќе разговараме за безбедноста на новинарите во Европа. Бонини и Сарнецки ќе ги претстават документарните филмови „Дафне“ за убиството на новинаркатаод Малта, Дафне Каруана Галиција и „Убивајќи го Павел“ („Killing Pavel“), посветен на проблематичната полициска истрага за убиството на белорускиот новинар Павел Шеремет.

Годинава ИФФС ја носи и успешната приказна на хрватскиот портал Lupiga, каде новинарите Ивор Цар и Ладислав Томичиќ ќе говорат за успехот на нивната crowdfunding кампања, во која успеаја да соберат повеќе од 42.000 долари од своите читатели како финансиска поддршка за понатамошно независно функционирање на нивниот медиум.

Вториот фестивалски ден е македонски ден - посветен на медиумите и новинарството во Македонија и предизвиците на домашен терен. Ќе се обиде да продре во актуелното прашање за власта и пиарот на социјалните мрежи, каде новинари и медиумски личности ќе дискутираат со претставнен од владиниот пиар. Ќе ги разгледаме и задачите што им претстојат на новите генерации истражувачки новинари кај нас и ќе поразговараме со помлади, но и поискусни познати новинари од Македонија, кои секојдневно работат на доближување на вистината до граѓаните. Покрај документарците на СКУП и „Кадар“, ќе ја видиме и велешката бајка „Fake News Fairytale“ на лондонската режисерка Кејт Стоунхил (Kate Stonehill). Од успешната домашна приказна за кратки видеа „Види Вака“ ќе ни раскажат како во една минута да ја освоите публиката на социјалните мрежи.

Влезот за сите настани ќе биде бесплатен, а целосната програма и сите детали за настаните на ИФФС2 ќе бидат објавени наскоро. Партнери на ПИНА во организација на фестивалот се Friedrich-Ebert-Stiftung Skopje Office, со чија поддршка се реализираат настаните во трите фестивалски денови.

Сите најнови детали за фестивалот може да ги следите на веб- страниците www.pina.mk и www.iffs.mk, како и на нашата страници на Фејсбук https://www.facebook.com/pina.mk/ https://www.facebook.com/iffs.mk/ ,Твитер https://twitter.com/pinamkd и Инстаграм.

 

 

Извор:

https://www.mkd.mk/kultura/vistina-lagi-i-lajkovi-glavna-tema-na-vtoriot-istrazhuvachki-filmski-festival-skopje



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2023

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2023

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная