логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

11.04 (среда) 13.00
Свечена сала на Филозофски факултет – Скопје

Вовед: Филозофијата за деца и искуството од нејзиното воведување во Данска со Дејвид М. Ларсон (David. M. Larsson), специјалист за филозофија за деца од Данска
Едукативна програма (ЕП)

Теоретско, воведно предавање во дисциплината филозофија за деца, нејзиното значење во светски рамки и споделувањена искуството од нејзиното воведување во Данска со специјалниот гостин во Едукативната програма на Фестивалот.

Предавањето и гостувањето на Дејвид М. Ларсон е реализирано со поддршка на Филозофскиот факултет во Скопје

За целосната програма од сегментот „Фил(м)ософија за деца“ на Едукативната програмата на Фестивалот, погледнете тука:
www.philosophicalfilmfestival/p4c

12.04 (четврток), 19.00
Кинотека на Македонија
ОГРАДА ПРОТИВ ЗАЈАЦИ (Rabbit-Proof Fence, 2002)
реж. Филип Нојс / Philippe Noyce (AU), 93’
Ревијална програма: филм-философија (РП)
Излагање на тема Светот - карантин за лепрозните
– акад. Ферид Мухиќ
Свечено отворање на 8. Филозофски Филмски Фестивал

Западна Австралија, 1931 година. Време кога мелеските деца се одземани од абориџинските мајки и се носени на превоспитување по наредба на Заштитникот на Западните Австралиски Абориџини, А. О. Невил (нарекуван од нив г. Девил). Моли, Дејзи и Грејси, две сестрички и нивната братучетка на возраст од 14, 8 и 10 години, решаваат да го напуштат кампот минувајќи повеќе од 2.000 км за да се вратат кај мајка си. ОГРАДА ПРОТИВ ЗАЈАЦИ е филм за обидот една култура да асимилира друга култура и за неотуѓивото право на живот, култура и јазик низ една приказна од вистинскиот живот на австралиските „украдени генерации“ (Stolen Generations).
Филмот е базиран на книгата „Следи ја оградата против зајаци“ (Follow the Rabbit-Proof Fence) на Дорис Пилкингтон Гаримара, ќерката на Моли, a покрај бројни награди од критичарите и публиката, добитник е и на наградата за Најдобар филм на австралиските AACTA награди во 2002 година.

13.04 (петок), 13.00
Свечена сала на Филозофски факултет – Скопје
Придружна програма (ПП)

The Voice and its Resonances - предавање на Хана Павек (Hannah Paveck), докторанд на Кингс колеџ Лондон

The lecture will engage the philosophy of Jean-Luc Nancy and Adriana Cavarero to trace their re-thinking of the voice beyond phonocentrism.

13.04 (петок), 18.30
Кинотека на Македонија
ВРТОГЛАВИЦА (Vertigo, 1958), реж. Алфред Хичкок
/ Alfred Hitchcock (US), 128’
Ревијална програма: филм-философија (РП)
Излагање на тема Vertigo: The Thinking and Living Image
– вонр. проф. д-р Џан Мариа Торе (Gian Maria Tore) од Универзитетот во Луксембург

Џон „Скоти“ Фергусон (Џејмс Стјуарт) е принуден да се пензионира откако неговата акрофобија ја предизвикува смртта на колега полицаец и на жената која е најмен да ја следи. Хичкоковата ВРТОГЛАВИЦА, романтична мистерија за опсесијата, манипулацијата и стравот, е едно од најмаркантните филмски остварувања на „маестрото на саспенсот“, а во 2012 год. тој е прогласен за најдобар филм на сите времиња на престижната анкета на списанието „Сајт енд саунд“ (Sight & Sound) на Британскиот филмски институт (BFI) - преземајќи го тронот од ГРАЃАНИНОТ КЕЈН на Орсон Велс по 50 години.
Скоти се заљубува во жена која не постои, таа мамејќи го се измамува себеси и се вљубува во него, а тој преферирајќи го сонот наместо стварноста ги губи и двете. Што се случува кога вртоглавицата на главниот протагонист на филмот се претвора во вртоглавица на гледачот?

Со поддршка на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје

13.04 (петок), 21.30
Кинотека на Македонија
ГРАЃАНИНОТ (The Citizen / Az állampolgár, 2016)
реж. Роланд Враник / Roland Vranik (HU), 110’
Официјална селекција на долгометражни филмови (ОСД)

Вилсон е Африканец кој живее во Будимпешта. Дошол во Унгарија како политички бегалец и сака да стане унгарски државјанин, но неколку пати по ред не успева во тоа. ГРАЃАНИНОТ го отвора прашањето за местото и статусот на поединецот - граѓанин во една земја (матична или туѓа) или во светот воопшто. Што значи да се биде граѓанин денес?
Филмот на суптилен начин го поставува ова прашање, во време кога, од една страна, сè повеќе се универзализираат еднаквоста, слободата и граѓанството, но од друга страна, се соочуваме со безбројни пречки на патот да се биде или да се (о)стане граѓанин денес.
ГРАЃАНИНОТ на унгарскиот режисер Роланд Враник е добитник на наградата за Најдобро сценарио на Фантаспорто филмскиот фестивал во Порто, Португалија.

Во присуство на режисерот на филмот

14.04 (сабота), 18.30
Кинотека на Македонија
НАТРАПНИКОТ (The Intruder / L’intrus, 2004)
реж. Клер Дени / Claire Denis (FR), 130’
Ревијална програма: филм-философија (РП)
Излагање на тема Intrusions: Claire Denis and
Jean-Luc Nancy – Хана Павек (Hannah Paveck),
докторанд на Кингс колеџ Лондон

„Моите филмови не се високо интелектуални,“ ќе изјави Клер Дени, „а НАТРАПНИКОТ е како брод што изгубен во море само лебди...“
НАТРАПНИКОТ, номиниран за Златен лав на 61-от Филмски фестивал во Венеција, е базиран на истоимениот автобиографски есеј на современиот француски филозоф Жан-Лук Ненси. Луј Требор (Мишел Субор), маж кој се ближи кон својата седумдесетта година, живее сам со своите кучиња некаде близу француско-швајцарската граница. Тој има проблем со срцето и итно му е потребна трансплантација. Ненси, кој и самиот преживува трансплантација, се запрашува: „Каде лежи животот? И што се случува кога вашето срце се претвора во странец/натрапник во вашето тело, а вие - странец/натрапник во светот?“
Инспирирани еден од друг, филозофот и режисерот постојано прават „интрузии“ во делата на другиот, а Дени на позадината од атмосферичната гитара и труба на Стјуарт Стејплс од Тиндерстикс (Tindersticks) од НАТРАПНИКОТ создава еден елиптична (аудио)визуелна поема во која и сликата и звукот имаат подеднакво значење и место.

Со поддршка на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Францускиот институт во Скопје

14.04 (сабота), 21.30
Кинотека на Македонија
ШОПЕНХАУЕР ШИЗОФРЕНИЈА
(Schopenhauer Shizophrenia / Шопенгауэрская шизофрения, 2017)
реж. Аристарх Нескупов / Aristarkh Neskupov (UA), 67 мин.
Официјална селекција на долгометражни филмови (ОСД)

ШОПЕНХАУЕР ШИЗОФРЕНИЈА е независен нискобуџетен филм што преку дискретно користење на метатекстуален метод нè воведува во свет на безнадежноста, болката, празнотијата и меланхолијата, прикажувајки ја егзистенцијалната агонија на протагонистот. Во состојба на латентна метафизичка напнатост, крикот на очајот станува поважен од најсуптилната мисла. Главниот лик во филмскиот првенец на украинскиот режисер Аристарх Нескупов ни ја отвора завесата на осаменоста, тегобноста и депресијата, реферирајки на филозофијата на апсурдот и… на Шопенхауер.

14.04 (сабота), 22.45
JAZZ ВЕЧЕР со SHAMBA JAZZ TRIO
Kафе бар Мартини во Лептокарија
(зад Кинотеката на Македонија)
Придружна програма (ПП)

По вечерната доза уживање во филмската уметност, ве покануваме на неформална дружба во Мартини со страствена ритмичка експресија на SHAMBA JAZZ TRIO и возбудливи и извонредно чувствителни соло варијации на: Бојан Петков (гитара), Оливер Јосифовски (контрабас), и Славчо Коцев (тапани).

15.04 (недела) 16.00
Кинотека на Македонија
Проекција на филмот БЕЗ ГРАНИЦИ (Borderless, 2014)
за деца и родители (+10 години)
Едукативна програма (ЕП)

Проекција на иранскиот филм БЕЗ ГРАНИЦИ (Borderless / Bedone Marz, 2014) чии главни протагонисти се две деца кои се среќаваат на „ничија земја“, меѓу две безимени завојувани страни, и кои учат да живеат и да си помагаат заедно среде војната и хаосот кои владеат околу нивното малечко за’рѓано засолниште.

15.04 (недела) 18.30
Кинотека на Македонија
Официјална селекција на краткометражни филмови (ОСК)
Ден 1 (142 min.)

Ревијално прикажување:
КРАЈОТ НА ВРЕМЕТО (The End of Time), Милчо Манчевски, 2017 г., 5 мин.

Селекција на кратки филмови од Шпанија, Грција, Естонија, Норвешка, Италија, Финска, Украина/Иран, Белгија, Турција, Киргистан и Непал/Франција.

Повеќе информации тука: https://www.facebook.com/events/567041100342933/

15.04 (недела), 21.30
Кинотека на Македонија
МЛАДИ И БЕДНИ или човекот што вреска не е разиграна мечка
(Young and Miserable or a Man Screaming Is Not a Dancing Bear /
Jóvenes infelices o un hombre que grita no es un oso que baila, 2016)
реж. Тиаго Б. Мендонса / Thiago B. Mendonça (BR), 127 мин.
Официјална селекција на долгометражни филмови (ОСД)

МЛАДИ И БЕДНИ ИЛИ ЧОВЕКОТ ШТО ВРЕСКА НЕ Е РАЗИГРАНА МЕЧКА е смело име за филм што претставува еден вид манифест на група уметници кои постојано ги тестираат границите на уметноста и животот во бразилското општество. Комбинирајќи ги театарот, музиката и јавните перформанси, тие се обидуваат да создадат револуционерна свест, играјќи си со дијалектиката на естетичкото и политичкото. Додека хоризонтот се стеснува во едно општество што станува сè повеќе и повеќе авторитарно, тие се чувствуваат поттикнати да го пронајдат ултимативниот естетски акт, а новите концепти на сексуалност да ги вклучат како форма на отпор и нов политички бунт. Инспирирани од есеите на Пасолини и револуционерната поезија на Сезер, овие млади луѓе се субверзивни уметници кои ја претставуваат урбаната герила според која единствениот можен простор за политика е улицата.

16.04 (понеделник) 18.30
Кинотека на Македонија
Официјална селекција на краткометражни филмови (ОСК)
Ден 2 (134 min.)

Селекција на кратки филмови од Русија/Холандија, Германија, Белгија, Полска, Грција, Португалија, Македонија, Турција, Франција и Словенија.

Повеќе информации тука:
https://www.facebook.com/events/165460427604951/

16.04 (понеделник), 21.30
Кинотека на Македонија
КРАЈ МЕНЕ (Beside Me / Coborâm la prima, 2017)
реж. Теди Некула / Tedy Necula (RO), 84 мин.
Официјална селекција на долгометражни филмови (ОСД)

Подземната железница во Букурешт е блокирана во утринските часови, само еден ден по ужасниот пожар во еден од ноќните клубови на главниот град со голем број починати или повредени млади луѓе. Овој инспиративен филм на младиот романски режисер Теди Некула, на кој истовремено може да се гледа и како на социјален експеримент, претставува алегориска приказна за самиот свет и за односите во него. Луѓето тргнати на пат почнуваат да разговараат еден со друг. Што се случува кога времето, магично или механички, ќе застане за еден момент... или за половина час? Кога другиот сум јас, а јас сум другиот и кога времето „изгубено“ може да се претвори во време „добиено“ (пријател, искуство, разговор). На крајот на патот претворен во патешествие, некој излегува променет.

17.04 (вторник), 11.00
Факултет за драмски уметности
Придружна програма (ПП)

How Film does Philosophy: the Film-Image in the Work of Gilles Deleuze - д-р Нил Кенеди (Niall Kennedy) од Велика Британија

Воведно теориско предавање за теоријата на филмот на францускиот филозоф Жил Делез низ Cinema I и Cinema II на првиот философ кој теориски има контемплирано за филмот.

17.04 (вторник), 18.30 ФФФ Doc.
Кинотека на Македонија
БРАЌА (Brothers / Brødre, 2015)
реж. Осло Холм / Aslaug Holm (NO), 110’
Ревијална програма: филм-философија (РП)
Излагање на тема Филозофија на детството или кон
онтолошкиот јазик на детската игра
– д-р Бошко Караџов

Двајца браќа, Маркус и Лукас, живеат во стара, жолта градска куќа во центарот на Осло. Потаму е Смола, местото каде што има израснато нивната мајка. Маркус сака фудбал и посакува да биде професионалец, а Лукас е филозофски настроен и има многу прашања за светот, на пример: „Мамо, што ќе се случи со моите соништа кога јас ќе бидам мртов, ќе бидат ли живи уште?“
Овој интимен документарен филм (честопати споредуван со МОМЧЕШТВО /Boyhood/ на Линклетер од 2014) ги следи Маркус и Лукас во текот на една деценија како растат - низ нивните соништа и надежи, очекувања и разочaрувања. Преку суптилната кинематографија на Холм, нивната мајка и режисер на филмот, и саморефлексивноста на филмот со нејзиниот лик како третиот протагонист од зад камерата, БРАЌА е филм за автентичниот живот на децата и за времето (времето на децата и времето на возрасните).
Филмот е добитник на норвешката Аманда - награда за најдобар режисер, а исто така и наградата за Најдобар интернационален документарен филм на Hot Docs во Торонто, Канада.

17.04 (вторник), 21.30
Кинотека на Македонија
ЕХО (Echo/Eho, 2016), реж. Дрен Жерка
/ Dren Zherka (DE/KV), 93’
Официјална селекција на долгометражни филмови (ОСД)

Хана (65) и Исмет (71) доаѓаат од две сосема различни места, не се познаваат еден со друг, а сепак нешто нераскинливо ги поврзува и ја премостува бездната на времето и просторот на двата света во коишто живеат. Филмскиот првенец на Дрен Жерка, добитник на наградата Сребрен зенит во светската конкуренција на дебитантски филмови на Филмскиот фестивал во Монтреал, претставува суптилен, лирски и визуелно импресивен портрет на двајца осамени луѓе во староста, што низ сензорни и тонални асоцијации (повеќе отколку низ наратив) нè потсетува на важноста на семејните врски и на грижата еден за друг во свет на социјален хаос и хипербрз, прагматичен начин на живот. Што значи да се биде присутен, тука и сега, и што навистина значи грижата еден за друг? Ниту едно писмо или сочувство од другите никогаш не треба да пристигнат во полуразурната, тивка куќа.

Во присуство на режисерот на филмот

Иранска вечер:
18.04 (среда), 18.30
Кинотека на Македонија
БЕЗ ГРАНИЦИ (Borderless / Bedone Marz, 2014)
реж. Амирхосеин Асгари / Amirhossein Asgari (IR), 100’
Ревијална програма: филм-философија (РП)
Q&A со режисерот Амирхосеин Асгари
(Q&A with Amirhossein Asgari)

БЕЗ ГРАНИЦИ е приказна за едно момченце што лови риби и прави ланчиња од школки на заштитен ‘рѓосан брод, на просторот меѓу две граници, на ничија земја... Тоа го трансформира бродот во место на неговата осаменост и спокој, во својот малечок свет среде војната. Неговата изолација и спокојство се вознемирени кога се појавува еден странец.
Филмот, направен со необично малку дијалог, со прекрасна камера (на Ашкан Ашкани / Ashkan Ashkani) и речиси без никаква музика е извонредна, контемплативна студија за последиците од војната и за тоа што значи да се биде човек и човечен. Филмот визуелно раскажува една универзална приказна низ специфично филмски јазик, и тоа низ очите на две деца како главни протагонисти.
Филмот е добитник на Asian Future Best Film Award на 27. Токиски филмски фестивал.

Со поддршка на Иранската амбасада во Скопје

Иранска вечер:
18.04 (среда), 21.30
Кинотека на Македонија
ДОЛГ ДЕН (A Long Day / Yek rouz-e tolani, 2016)
реж. Бабак Бахрамбејги / Babak Bahrambeygi (IR), 88 мин.
Официјална селекција на долгометражни филмови (ОСД)

Откако се враќа во земјата по неколку години, Шахин престојува во кратка посета на родниот град и неочекувано е вмешан во една од бизнис-авантурите на неговиот брат. Се обидува да го продолжи својот пат кон решавање на проблемите, но се соочува со нови моменти што ја усложнуваат приказната. Филмот нè поставува пред моралната дилема на главниот протагонист: во комплексниот човечки свет понекогаш е тешко да се донесе одлука кога концептите на доброто и злото, моралното и аморалното не се целосно јасни, а хипокризијата и релативизирањето го изместуваат компасот на општите вредности и на поединецот и на општеството. Пред повторно да ја напушти земјата, каква одлука ќе донесе Шахин?

19.04 (четврток), 19.00
Кинотека на Македонија
СМРТ ВО ВЕНЕЦИЈА (Death in Venice / Morte a Venezia, 1971)
реж. Лукино Висконти / Luchino Visconti (IT/FR), 130’
Ревијална програма: филм-философија (РП)
Излагање на тема ‘Смрт во Венеција’ - од Ман до Висконти
– проф. д-р Александар Прокопиев
Свечено затворање на Фестивалот и доделување на наградите

Густав Ахенбах (лик слободно базиран на Густав Малер, а игран од Дирк Богарт) е авангарден композитор од Германија кој патува на Лидо, во Венеција, во потрага по малку одмор и мир по препорака од неговиот лекар. Но, наместо мир, Ахенбах, кој е на работ на својата виталност и енергија, е прогонуван и измачуван од ликот на младо момче во својата адолесценција, Таџо (Бјорн Андресен), кое во очите на Ахенбах го отелотворува идеалот на сета убавина како Давид на Микеланџело или Мона Лиза на Да Винчи. Каква е природата на убавината во музиката, уметноста или во животот? И дали може да им се одолее на страстите? Кога, наспроти Ерос, Танатос ѝ се заканува на Венеција, сите идеали наскоро можат да исчезнат.
Филмската адаптација на Висконти на истоимениот роман на Томас Ман, проткаена со етеричното адаџо на Петтата симфонија на Густав Малер, е добитник на Специјалната награда 25 години Кански филмски фестивал во 1971 година.

Со поддршка на Италијанската амбасада во Скопје

Цена на влезници*:
Билет 100 ден. (ЦРВЕН) – Ревијална програма: филм-философија (РП)
Билет 50 ден. (СИН) – Официјални селекции (ОСД и ОСК), како и цена на билет за која било проекција од програмата на Фестивалот за студенти и пензионери
Вечерен билет 120 ден. (ЗЕЛЕН) – Проекција на филм од РП и ОСД/ОСК за истата вечер (18.30 и 21.30 ч.)
Вечерен билет 70 ден. (ЖОЛТ) – Проекција на филм од РП и ОСД/ОСК за истата вечер за студенти и пензионери (18.30 и 21.30 ч.)

*Билетите за Фестивалот ќе бидат достапни на касата на Кинотеката непосредно пред секоја проекција (нема да има резервации, а настаните од Едукативната програма, Придружната програма и ФФФ Караванот се бесплатни.

 

Друго:

https://www.slobodenpecat.mk/kultura/shto-ako-svetot-beshe-proziren-intervju-dejvid-m-larson-spetsijalist-za-filozofija-za-detsa-od-danska/

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная