Манифестацијата „100.000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распиша поетски конкурс за годинашното издание. Поезијата со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми кои се поврзани со промените, глобално, но и локално.
Секој автор може да учествува со по една песна. Песните треба да се испраќаат на Фејсбук-профилот на манифестација или на мејлот Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 15 септември годинава, по што ќе бидат разгледани од комисија одредена од организацискиот одбор на манифестацијата и здружението. Селектираните автори ќе бидат застапени во зборникот „100 илјади поети за промена“ – Македонија, што ќе биде издаден во склоп на манифестацијата.
Манифестацијата „100.000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распиша и конкурс за дизајнерско решение на постери/плакати кои ќе бидат дел од групна изложба во рамки на фестивалот. Постерите/плакатите тематски можат да бидат насочени кон глобалните промени, литературата, одржливиот развој, мирот.
Дизанерските решенија може да се испраќаат на истите адреси најдоцна до 15 септември годинава, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредуваат организацискиот одбор на манифестацијата и здружението. Пристигнатите дела ќе бидат изложени за време на изложбата која е дел од манифестацијата „100 илјади поети за промена“, на 24 септември годинава во Струмица.
Манифестацијата „100.000 поети за промена“ е од меѓународен карактер и се одржува во повеќе светски и европски земји. За оваа година веќе има најавено 500 настани во над 100 земји во светот, а годинава се одржува по шести пат во Македонија.