логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Ве известуваме дека во вторник (21 јуни) со почеток во 20 часот во кафе-книжарницата „Магор“ ќе се одржи промоцијата на најновата поетска збирка на Влада Урошевиќ „Тајно злато“.

Поздравната реч е на Владимир Јанковски, а промотори на изданието се проф. д-р Ивица Џепароски и проф. д-р Владимир Мартиновски.
          
За начинот на настанувањето на книгата, Урошевиќ вели:
 
Книгата „Тајно злато“ настаната е од повеќекратните средби со книгите посветени на алхемијата. Ме возбудуваше одамна оваа таинствена дејност, негирана, отфрлана, обвинувана за измама, но која се јавувала во повеќе цивилизации (египетска, грчка, кинеска, индиска, арапска, средновековна европска) и која, наспроти сите оспорувања, истрајувала и продолжувала да ги фасцинира љубопитните умови од сите епохи. Особено ме привлекуваа ликовните сведоштва кои низ својата симболика сакале да ги дадат насоките на овие истражувања, но на еден начин кој би ја соопштувал својата тајна само на посветените. Подоцна ја открив заинтересираноста на длабинската психологија за алхемијата, теориите за присутноста на алхемичарските учења во многубројни дела на познатите сликари од минатите векови, како и фасцинираноста на надреалистите од суштината на енигмите што алхемичарите ги оставиле зад себе. Секако, денес не е толку важно дали овие занесеници навистина успевале да дојдат до „каменот на мудроста“ а, со негова помош, и до златото, до „вечната младост“, до бесмртноста. Она што е несомнено е тоа дека тие се впуштале во разрешување на енигмите кои лежат во длабочините на материјата, а со тоа , можеби и без да бидат свесни, доаѓале и до некои откритија за длабочините на човековата свест и за нејзините врски со севкупната природа на универзумот. Патот на усовршувањето на „нечистата материја“ во злато бил, секако, и пат на сопственото усовршување. Се обидов, во еден миг, да ги пренесам сознанијата до кои дојдов во стихови, барајќи го најсоодветниот начин за изразувањето на оваа специфична содржина.

Влада Урошевиќ (1934) е македонски поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар, преведувач. Член на Македонската академија на науките и уметностите, на Европската поетска академија (Луксембург) и на Словенската академија на литературата и уметноста (Варна); надворешен член на САНУ (Белград) и дописен член на академијата „Маларме“ (Париз). Има докторат по филолошки науки; како редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за општа и компаративна книжевност, држел курсеви по историја на европските литератури од деветнаесеттиот и дваесеттиот век.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

14/11/2024 - четврток

+Светите Козма и Дамјан; Светиот маченик принцот Ерминигелд; Преподобниот маченик Јаков со учениците Јаков и Дионисиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная