По повод април, месец на лица со аутизам, со особена чест Ве информираме дека во среда 6.04.2016 год во 15 часот, во Националната галерија на Македонија во објектот Чифте амам ќе биде отворена изложбата под насолв „Наречи ме љубов“.
Изложбата беше реализирана во соработка со здружението ,,Во МОЈОТ СВЕТ,, ПОУ Д-р Златан Сремец- Скопје, Центарот за аутизам и Асоцијацијата ,,Ластовица,, во кои учество земаа повеќе од 50 тина дечиња со аутизам. Во таа насока беа реализирани неколку ликовни работилници,а малите уметници насликаа преубави уметнички творби. Изложбата ќе биде отворена 10 дена за посетителите.
Имајќи го во предвид значењето на оваа зложба,наша цел и идеа е подигнување на јавната свест и зголемување на одговорноста кон овие лица ,како и нивна инклузија во сите сегменти на нашето живеење.
НУ Национална галерија на Македонија