ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СТИПЕНДИИ
од Владата на Руската Федерација за студии на универзитетите во Русија
Почитувани,
Ве известуваме дека Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, организира промотивен настан на кој ќе бидат презентирани видот, критериумите и
условите за стипендиите за прв, втор и трет циклус студии кои се наменети за македонските граѓани, а ги доделува Владата на Руската Федерација за студии на универзитетите во Русија.
Настанот ќе се одржи на 3 март 2016 година (четврток),со почеток во 11 часот, во просториите на Економскиот факултет на УКИМ, амфитеатар 1.
Со почит,
Р е к т о р
Проф. д-р Велимир Стојковски