Започна снимањето на краткиот игран филм “Ќе дојдат децата”
Продуцентската куќа КРУГ ФИЛМ, Ве известува дека во тек е снимањето на краткиот игран филм „Ќе дојдат децата“, во режија на Ана Јакимска, а по сценарио на Бранко Костески. Снимањето на филмот се одвива на повеќе локации во околината на Скопје и Битола.
,,Ќе дојдат децата” е краток игран филм со жанровска одредница-драма. Млада учителка пристигнува во едно планинско село за да ги учи децата, но единствениот човек што го среќава таму е старата служителка на училиштето. Додека учителката ги чека децата да дојдат во училиштето, таа открива поинакви животни тајни.
Актерската екипа ја сочинуваат Наташа Петровиќ, Шенка Кољозова и Владимир Петков.
“Чевли” е во режија на Ана Јакимска, по сценарио на Бранко Костески, директор на фотографија е Наум Доксевски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Милена Атанасова, шминка Ѓулфери Качаревиќ, а продуценти се Дејан Крајчевски и Марија Димитрова.
Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Р. Македонија, а се реализира во соработка со Факултетот за драмски уметности од Скопје,
За повеќе информации, обратете се на 070 362 332 или Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..