За осудувањето – Старец Сава Псково-Печерски
Светата Црква нé моли и предупредува: „Не судите за да не ви се суди!“ Особено во никој случај не треба да се осудуваат свештениците. 21-вото правило на IV Вселенски Собор гласи: „Од клирот или мирјаните кои имаат поплаки против епископите или клириците, не треба да се прифаќаат поплаките без проверка, туку прво треба да се испита јавното мнение за нив.“
Заради порокот на осудување, човек може да стане пијаница, блудник или дури и разбојник, затоа што тој грев кој ние го забележуваме и осудуваме кај ближните, задолжително и нам во иднина ќе нé заведе.
Чеда! Избегнувајште го осудувањето. Осудувајќи некого, ние повторно Го распнуваме Господа и Светиот Дух го гониме од себе.
А и кој си ти кој си се дрзнал да го осудуваш својот ближен? Ако Господ го гледа безаконието на грешникот и не го казнува, туку трпи, кој тогаш ни дал нам право да го судиме (тој грешник)? Бидејќи ако го одземеме од Господа чинот на Судија, тогаш ние стануваме антихристи т.е. противници Божји.
Да се плашиме од осудувањето! Милостиво да снисходиме кон немоќите на луѓето околу нас, за на нас да се исполнат зборовите: „Блажени се милостивите, зашто ќе бидат помилувани.“
Драги чеда! Да се воздржиме од расправање за туѓите постапки, смирувајќи се со тоа дека не е во прашање осудување, туку само расудување. А ако се случи да си дозволиме себеси вакво „расудување“, тогаш треба да зборуваме за постапките на ближните само низ својот сопствен пад т.е. со потполно сознание за својата ништожност, вака:
Јас не можам да го осудам грешникот за пијанство и разврат, затоа што самиот јас убивам луѓе со лоши постапки и зборови. А сите заповеди ни ги даде Самиот Законодавец. Оној Кој рекол: „Не напивајте се со вино“ исто така рекол и: „Не убивај“. Значи, и јас сум престапник на законот, тогаш како можам да го осудам паднатиот?
Расудувајќи на овој начин, ја ублажуваме вината на ближниот и ќе ја видиме својата сопствена вина.
Да се трудиме, браќа, непрестајно да ги оттргаме мислите на осудување и да Го молиме Господа: „Дај ми да ги водам моите прегрешенија и да не го осудувам мојот брат!“
Извор: О ОСУЂИВАЊУ
Извор: Маран Ата