Со јавувањето на Господ во Јордан, сјајот на спасението засветли над човештвото. Господ проповедаше меѓу народот три години, подготвувајќи гo за доаѓањето на Царството Божјо. Но народот само се восхитуваше на Неговите чуда; не Го прифатија; и на крај Го распнаа.
Но Господ воскресна, и по Своето Воскресение се вознесе на небесата и Го испрати Светиот Дух врз Своите ученици; и ја основа Светата Црква и ѝ ги дарува сите дарови што водат кон живот и побожност.
Влезот во Царството Небесно е широко отворен, но од нас зависи да влеземе — а тоа може да се направи само преку Светата Црква, преку Светите Тајни.
Митрополит Лавр (Скурла)