·
Годердзи Васильевич Ургебадзе (Васико) е роден на 26 август 1929 година, тој е и идниот Свет преподобник Гаврил Грузијски, денес нашиот драг Отец, Светител полни 96 години.
Светител исполнет со љубов. Цел живот, тајно од луѓето, правеше добро и чуда, се обидуваше да ја скрие својата мудрост и се понижуваше пред луѓето со безумност. Меѓутоа, оние околу него го почувствуваа изобилството на Божјата благодат во него и доаѓаа кај него за молитва и совет. Јуровидиот светител непоколебливо стоеше на врвот на љубовта, па грузискиот народ го нарече света љубов и чудо на 20 век.
Мцхета е античкиот главен град на Грузија. Овој мал град привлекува туристи и аџии. И со добра причина. Тука има познати манастири: Јвари, Зедазени, Светицховели, Самтавро. Токму во манастирот Самтавро во непрекинат ток тече поток од страдалници. Тие одат на гробот на Свети Гаврил Грузијски, и се молат пред неговите Свети мошти ,прославен како светец од Грузиската црква на 20 декември 2012 година. Ова се случи за неверојатно кратко време по неговата смрт - по 17 години.
По молитвите на Свети Гаврил Грузијски , Господ да не помилува.
Молитва пред иконата на Свети Гаврил Грузијски јуродив заради Христа
Ти блескаш со вечна светлина, оче наш, Преблажени чудотворецу Гавриле, преплавен со Божја сила, ги исполнуваш нашите молитви и им даваш мир на сите што со вера пристапуваат кон твојата Света икона и со љубов се поклонуваат, срдечно ти се молат: не отфрлај не нас, кои се срамиме од нашите беззаконија, туку помилуј и моли Го Господа, да ги издржиме и да ги победиме демонските сили, ласкањата и лошите дела на овој свет, и да му дадеме сила на нашиот народ да се спротивстави на лукавите непријатели и чувај ја нашата Света Православна Црква непоколеблива и во мир.
Твојата Света и чесна Икона, оче наш Гавриле, е објавена за наше спасение, заради зајакнување во верата и служењето на Бога, во исчекување на Неговата милост. А ти, верен слуга Христов, сепрославен оче Гавриле, заштити го своето стадо од сите напади и неволји, со твоите молитви беспрекорно да го поминеме нашиот животен пат и да ја најдеме Небесната Татковина.
Достојно е да те наречеме навистина блажена, Пресветата Богородице, секогаш блажена и сета непорочна и Мајко на нашиот Бог. Почесна од Херувимите и пославна од Серафимите, Ти што го роди Словото Божјо без мана, Те славиме, вистинска Богородице.
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Господи помилуј (3 пати)
Благослови!
фбПравославни Духовни поуки од Светите Старци
Друго:
ПОУКИ НА ГРУЗИСКИОТ СТАРЕЦ ГАВРИЛ УРГЕБАДЗЕ ЗА ПОСЛЕДНИТЕ ВРЕМИЊА