логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba

04/02/2020
 
Христос е Жива Вистина: ,,Јас сум… вистината и животот“ (Јн. 14, 6), беспочетен Живот, од ништо и никој ограничен, неусловен, совечен на Отецот, од Отецот нераздвоен, неодделив. Неговата Љубов и Неговата Светлина ме допреа уште во раната зора на мојот живот. Сепак, ни овој дар на благодатта не ме сочува да не се лизнам во бездната на небитијниот мрак. На пресвртот во младоста која созреваше, направив голем грев: во безумното движење на незнајната гордост, јас Го ,,оставив“ Него заради друг вообразен надличен апсолут. Напуштајќи ја добрата навика да се молам на Бог од моето детство, јас во часовите на медитација се стремев кон апсолутно битие. Се ослободував, како што ми се чинеше, од сѐ односно (релативно), што е врзано за различни форми: видливи или невидливи, чувствени или мислени. Упорно влегував во мракот на незнаењето, за преку ослободувањето од сѐ минливо да го достигнам ова или она или оној кој ги трансцендира границите на сѐ променливо и колебливо. Се случуваше да чувствувам некаков ,,спокој“ и независно од сетилата и телото да се насладувам на оваа состојба. Во посилен порив за неименуваното, сѐтрансцендирачкото Битие-небитие, својот ум го гледав како светлина. Не ми беше важно ништо на оваа Земја, туку единствено Вечноста. Паралелно со сето тоа, напрегнато во слики барав израз на убавина својствена речиси на секоја природна појава. Тој периот од мојот живот некој би можел да го смета за полн со вдахновение, но јас се сеќавам на него без и најмала љубов: сфатив дека сум се предавал на своевидно ,,спокојство“ кое по својата суштина било самоубиство во метафизичка смисла.

Од таа лажна ситуација јас никогаш не би излегол со свои сили, но Господ се сожали на мене и ме достигна, можеби во последниот момент. Он ова чудо на милосрдие го направи посетувајќи го моето срце, кое долго време намерно го занемарував. Не гледам како би можел да го опишам редоследот на духовните настани од тоа време. Како одеднаш, ми стана јасно до очигледност дека моето вештачко нурнување во апстрактната умна сфера не може да ме приведе во достојноверно познание на Прво-почетокот на сите почетоци (Пра-почетокот). Преку моето аскетско ослободување од сѐ односно (релативно) – јас не достигнав реално соединување со Оној кого Го барав. Моите мистички искуства носеа негативен карактер. Пред мене не стоеше ,,чисто Битие“, туку смрт на целиот мене, вклучувајќи го и моето персонално начело.

Заповедта: ,,Љуби Го Бога со сето свое срце… и ближниот свој како самиот себе“ (сп. Лк. 10, 27), на неочекуван начин се постави пред мојот ум во својот евангелски контекст: битијното слевање со Бог се совршува преку љубовта. И така, она што порано ме одведе од Евангелието: т.е. ,,да се љуби“, кое тогаш, во тој чуден час на московската улица, ми се покажа како недостоен психологизам, - сега проникна во моето срце и во мојот ум како светлина на вистинското познание: битијното соединување се совршува во актот на љубовта. Евангелското сфаќање на љубовта оди неспоредливо подалеку од нашето психичко или плотско сфаќање. Бог на моето детство ми се врати во светлината на разумот.

Христијанскиот живот се гради од соединување на две волји: Божествената – вечно иста, и човечката – подложна на колебање. Бог Себе на човекот му се открива на најразлични патишта. Он не врши насилство врз човечката волја. Ако со љубов Го прифаќаме кога ни се приближува, Он често ќе ја посетува душата со кротоста и смирението Свое. Може да се случи, како што за тоа сведочи историјата на христијанската вера, Он на човекот да му се јави во велика Светлина. Душата, гледајќи Го Христос во Светлината на Неговата љубов, тежнее кон Него. Таа не може, но и не сака да се противи на ова тежнеење. Но, Он е Оган кој нѐ запалува. Секое приближување кон Него поврзано е со болно напрегање. На нашата падната природа својствено и' е да бега од болка; заради тоа ние се колебаме во одлуката да Го следиме. Но, и пребивањето вон Неговата Светлина исто така е одвратна. Така мојот дух стоеше меѓу две состојби: или лажно да се смирам и да се помешам со реалноста која нѐ опкружува, осудувајќи се себеси на изопаченост, или да се прими страшниот Христов призив. Кога го избрав второто решение, се препородив за живот во Живиот Бог.

Господ знае со каков трепет се напишани многу од страниците на оваа моја исповед. При крајот на животот ќе се осмелам да кажам како зборовите од 33 – от Псалм не еднаш се исполниле и на мене: ,,Овој несреќниот повика и Господ го услиша и го спаси… Имајте страхопочит кон Господ.. зашто ништо нема да им недостига на оние кои имаат страхопочит кон Него“. Не е нималку радосно да се видиш себеси ,,ништ“, да станеш свесен за својата слепост. Страшно е и многу болно да се слушне смртната казна за себе, затоа што јас сум - онаков каков што сум. Сепак, во очите на мојот Создател јас сум блажен токму заради познанието на својата ништовност. (сп. Мт. 5, 3). Ова духовно видение е поврзано за ,,небесното Царство“ кое ни се открива. Должен сум да го видам Христос ,,каков што Он Е“, за да се споредам со Него и од ова споредување да ја видам својата ,,без-образност“. Јас не можам да се познаам самиот себе ако пред мене го нема Неговиот Светол Образ. Одвратноста спрема самиот себе (која уште трае) беше голема. Но, од тој ужас во мене се роди молитвата на очајанието, која ме потопуваше во море од солзи. Тогаш воопшто не го гледав патот кон моето исцеление; ми изгледаше дека мојата изопаченост не може да се преобрати во подобие на Неговата красота.

Оваа безумна молитва, која го потресуваше целото мое суштество, го привлече сожалението на Вишниот Бог, и Неговата Светлина засјаи во мракот на мое небитие. Во длабокото молчание ми беше дадено да ја созерцувам Неговата благост, Неговата премудрост, Неговата светост.

Преку адот на мојата безнадежност дојде небесното избавување. Внатре во мене се откриваа нови сили, друг поглед, друг слух. Неописливо благолепие му стана достапно на моето внимание. Меѓутоа, сето ова уште не беше ,,мое“: колебањата во моето битие уште не беа завршени – јас испаѓав од надсветскиот сјај и се враќав во мојата беда. Па сепак, достојноверно познав дека Светото Царство Христово е вечната реалност. Оваа реалност мора да се стекнува во долг подвиг на молитва: ,,Царството Небесно со напор се освојува“ (Мт. 11, 12).

Треба да се благословува Бог што, од една страна, ни се открива вистинската погибел, и тоа не само привремената туку и вечната, а од друга – неискажливата Светлина Божја. Светото Писмо ни говори за ,,вечната мака“. Но во што таа се состои? Ние не ги познаваме сите различни форми на мачење, возможни после нашето заминување од овој свет. Но повторно истото го зборува Светото Писмо: ,,…ќе бидат фрлени во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање со заби“ (сп. Мт. 8, 12). И мене ми се чини дека ,,вечните маки“ не се во тоа што нас во пеколот ќе нѐ пржат на тава некакви мрачни и гнасни суштества, туку во тоа што ќе се покажеме недостојни за да влеземе во Светото Царство на Љубовта Божја.

,,Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно“ – така започнува проповедта на Исус Христос (Мт. 4, 17). Со покајанието во нас се препородува силата на животот и се обновува достоинството на човекот, кое е изгубено во Адамовиот пад. Со покајниот плач се препородува, од гревот убиената, способност да ја примиме Нетварната Светлина која исходи од Бога – Света Троица. Но што ми покажа моето сопствено искуство? Еве што: децении ридања над мојот внатрешен мртовец не ме направија непоколеблив во животот по Бога. Во оваа или онаа форма, гревот ме победува. Секое лизнување во грев длабоко ја натажува мојата душа. Освен тоа, ние, т.е. јас мошне често не знам колку сум праведен во моите дела, или колку сум далеку од вистински светиот живот. Тоа е особено очигледно во конфликтите со луѓето. Нѐ прогонува постојана свест за нашата непотполност, и ние Му говориме на Господ: ,,Прости ми мене, непотребниот слуга Твој“ (сп. Лк. 17, 10). Секако, како монах, научен сум да се осудувам себеси за сѐ, ,,да го држам умот свој во адот“. Но, ова бара големо трпение. И само на тој начин успеваме да ги намалиме колебањата кои се толку заморни за срцето и умот. Совршената, пак, непоколебливост е целовит дар од Бога и Спасителот наш за вечноста.

Единствено Христос ни дава разбирање на земните и небесните нешта. Еве, Он рекол: ,,Не плашете се, зашто Јас го победив светот“, на грчки ,,космосот“ (Јн. 16, 33). Победи не како Бог, Творец на сѐ што постои, туку како човек. Он и нас нѐ повикува да го повториме истото. Победникот на космосот, ,,човекот – Христос Исус“ (1 Тим. 2, 5), постана надкосмичен. До победа од овој вид се доаѓа со живот по заповедите на Евангелието. И ние луѓето можеме да победиме, и исто така да постанеме надкосмични, т.е. богови, но не поинаку освен во Него и со Неговата сила. Во целото Битие нема никој кој ни ја открил тајната на Битието во неговата бесконечност, како Господ Исус. Нема никој кој во еден вечен Акт би ги опфатил и Небото и Земјата и Преисподната (адот), освен Собеспочетниот Отец на Единородниот Син. Ако го следиме решени да останеме во духот на Неговото учење, и нам ќе ни се дадат мигови кога, осветлени од Светлината, и ние во молитва ќе ја опфатиме и Земјата и Преисподната, па дури и Небото, и ќе ја допреме Вечноста. ,,Исус Христос е ист вчера и денес и во вечни векови“ (Евр. 13, 8).

Насладувајќи се со посакуваната Небесна Светлина, ние се наоѓаме во страшна ситуација: Светиот Дух го остава нашиот дом празен и го напушта. Нам веќе ни изгледало дека сме Го достигнале Бараниот, за да ги созерцуваме тајните отсекогаш сокриени во недрата на Божеството… И одеднаш, повторно наликуваме на оголени сиромаси. Блажени сме кога од темнината на незнаењето и смртта се пренесуваме во дивната Светлина; но, претходната темнина, во која се враќаме од Светлината, ние ја доживуваме со умножено страдање. Ќе помине многу време пред да почнеме да ги разбираме патиштата на нашиот Бог. Во Својата безгранична љубов спрема нас, Он сака да нѐ направи причесници на Божествената Полнота. Меѓутоа, во земните граници не треба да мечтаеме за нејзиното достигнување. Овде сме секогаш како раздвоени: со сета сила тежнееме кон Вечноста, но се осведочуваме во неспособноста на нашето сегашно тело да ја прими и постојано да ја носи полнотата. За извесно време Светлината му ја покажува на нашиот дух безграничноста, но потоа неизбежно се оддалечува. Навистина, некаде во длабочината на нашето ипостасно битие, матно, ,,како во огледало“, останува печатот на она што се јавува само за миг и што е вечно. Господ воскресна, и Неговото воскреснато Тело стекна својства на дух. Значи, сѐ додека сме облечени во тело не-преобразено со воскресение, нема да можеме да ги избегнеме болните колебања во следењето на Христос.

Човекот на моја возраст нормално се подготвува за смрт, а не за пишување. И кој сум јас да зборувам како протече мојот живот на духовен план? Во минатото никогаш немав слични идеи. Дотолку повеќе: не бев подготвен да го откривам својот внатрешен процес. Сметав дека тој е последица на мојот пад, кој потоа ми се покажа во својата инфернална природа. Внатрешните конфликти кои ги доживував на многумина би им изгледале како појава блиска на лудило, но јас некако интуитивно знаев дека мојот случај е вон компентенцијата на баналната психијатрија. Обраќањето за помош на професионални лекари би претставувало навистина непростива профанација.

Деновите од мојот живот, воопшто земено, главно поминуваа без многу контакти. Последица на тоа е што доста споро доаѓам до вакви или онакви заклучоци. Меѓутоа сега, сепак не се плашам дека многу ќе погрешам претпоставувајќи дека во нашето време милиони луѓе од најразлични слоеви и националности живеат во трагичен круг на противречности, во помала или поголема мера слични на моите. За некои од нив може да биде дури и корисно да се запознаат со конкретен случај каков што е мојот.

Во животот на секој христијанин духовниот раст поприма специфичен, својствен само на даденото лице ритам и поврзаност. Но, во основата на сѐ лежи еден ист Дух (сп. 1 Кор. 12, 4 – 11), па со тоа и иста конечна цел, изразена во заповедите на Христос, од кои е заклучителна: ,,Бидете совршени, како што е совршен Отецот ваш Небесен“ (Мт. 5, 48). Оттука, она што се случува на патот на еден човек, може да се совпадне со искуствата на други лица, кои во иста вера се подвизувале во разни епохи, во различни, не само внатрешни, туку и надворешни услови. Таа иста заповед за совршенство дадена е за сите векови, на сите луѓе независно од местото, културата, националноста и што било друго – условно и односно. Со други зборови: на Божјите заповеди им е својствена апсолутноста.

Духовниот живот на христијанинот носи исклучително динамичен карактер. Тој никогаш не е статичен: неизмерно е изобилен во своите манифестации. Од една страна – тоа е неговото богатство, а од друга – показател дека уште не сме го достигнале совршенството: во животот на Самото Божество на Пресвета Троица динамичкиот и статичкиот момент се слеваат во за нас недостижно единство. И во тоа ,,единство“ се состои вистинската непоколебливост, ветена на сите кои принеле вистинско покајание.

Битието на нашиот свет се приближува кон моментот кога сите ние ,,ќе се измениме… за еден миг на окото“; кога ,,небесата ќе се разрушат и основите во оган ќе се стопат“, кога колебливото ќе се претвори во непоколебливо (сп. 1 Кор. 15, 51 - 52; 2 Пт. 3, 12; Евр. 12, 26 - 28; Откр. 21, 1). На човекот ќе му биде дадено да пребива во Божествената непоколебливост, вечно крајно динамична. А тоа и е вистински ,,вечен покој“.



Извадок од книгата:

„ДА СЕ ВИДИ БОГ КАКОВ ШТО ОН Е“ - Архимандрит Софрониј Сахаров

Извор:

https://www.manastirslepche.mk/novost/kolebanja-vo-traganjeto-po-nepokolebliviot/

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3121
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7592
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная