логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

МАЈКАТА БОЖЈА - РАНА НА ДЕМОНИТЕ

- Брате - реков јас - еве, вие постојано зборувате за стекнувањето на благодатта на Светиот Дух како цел на христијанскиот живот. Но, како и каде можам да ја видам? Добрите дела се видливи, а може ли Светиот Дух да биде видлив? Како, значи, јас можам да знам, дали Он е со мене или не е?

- Во денешно време - одговори старецот - поради нашето, безмалку, сеопшто студенило кон светата вера во нашиот Господ Исус Христос, поради нашето невнимание кон дејствата на Неговата божествена промисла за нас и поради човековото заборавање на општење со Бога, ние дојдовме до таму, што, може да се каже, дека сосема се оддалечивме од вистинскиот христијански живот.

На нас сега ни изгледаат несфатливи зборовите на Светото Писмо, кои Духот Божји ги говори преку устата на Мојсеј: И го виде Адам Господа како оди по рајот, или она што кај апостол Павле го читаме: "Бевме во Ахај и Духот Божји не одеше со нас; свртевме во Македонија и Духот Божји одеше со нас". И на други места во Светото Писмо, повеќе пати се зборува за јавувањето на Бога на луѓето.Но, некои велат: "Тие места се нејасни. Зарем навистина луѓето можеле така откриено да Го видат Бога?" Овде нема ништо нејасно. Тоа несфаќање произлегува од тоа што се оддалечивме од простотата на првобитното христијанско сознание и под изговор на просветеност западнавме во таква темнина на незнаење, што веќе ни се чини несфатливо и она што древните луѓе толку јасно го разбирале.

На нив поимот за јавувањето на Бога на луѓето не им изгледал чудно ниту во обичните разговори. На пример, Јов, кога пријателите го кореле за тоа што хули на Бога, одговорил: како тоа може да биде, кога јас го чувствувам дише¬њето на Седржителот во моите ноздри? Како би можел јас да хулам на Бога, кога Светиот Дух живее со мене? Кога би хулел на Бога, Светиот Дух веднаш би отстапил од мене, а јас, и Неговото дишење го чувствувам во своите ноздри. Точно во таа смисла се говори и за Авраам и за Јаков дека Го виделе Господа и беседеле со Него, а Јаков дури и се борел со Него.

Мојсеј со сиот народ Го видел Бога кога се удостоил од Него да ги прими плочите на законот на гората Сион. Облачниот и огнен столб (што не е ништо друго освен јавна благодат на Светиот Дух), служеле како патеводители на Божјиот народ во пустината. Луѓето не Го виделе Бога и благодатта на Светиот Дух во сон, ниту во мислите, ниту во растроена вообразба, туку вистинито и на јаве.

Ние станавме многу невнимателни во делот на своето спасение, заради што и многу други зборови од Светото Писмо не ги земаме во смислата во која би требало. А тоа е затоа што не ја бараме Божјата благодат, ниту, по гордоста на својот ум, и дозволуваме да се всели во нашите души. Затоа и немаме вистинска просветеност од Господа, која се испраќа во срцата на луѓето, во сите срца гладни и жедни за правдата Божја.Еве на пример, она што во Библијата се вели: "И му дувна Бог здив на живот во лицето на првосоздадениот Адам, кој го создал од прав земен", многумина го толкуваат така што мислат дека во Адам немало душа и дух човечки, туку само плот создадена од земен прав. Меѓутоа, тоа толкување не е правилно, бидејќи Господ Бог го создаде Адам од земен прав во состав во кој апостол Павле утврдува: духот ваш и душата и телото да се сочуваат без порок за доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос.

Значи, сите овие три дела од нашата природа, биле создадени од земен прав, така што Адам не е создаден од мртво, туку од дејствувачко животно битие, слично на другите на земјата живи Божји созданија. Но, еве во што е работата: ако Господ Бог потоа не му дувнеше во лицето негово од овој здив на животот, т.е. благодатта на Господа Бога Светиот Дух, кој од Отца исходи и во Синот почива и заради Синот се испраќа во светот, Адам, колку и да бил создаден како совршен и превосходен над другите Божји созданија како круна на созданијата на земјата, сепак ќе останеше без Светиот Дух во себе (кој го воздигнува до богоподобно достоинство), и би бил како и сите други созданија. Бидејќи, иако би имал тело, и душа и дух, сепак во себе би Го немал Светиот Дух.

Меѓутоа, дури кога Господ Бог дувнал во лицето на Адам здив на живот, човекот, според зборовите на Мојсеј, станал жива душа, т.е. совршено подобна на Бог, и како и Он, бесмртна во вековите на вековите. Создадениот Адам не бил подложен на влијанието на ниту една стихија и тоа во таква мерка што вода не го топела, ниту оган го печел, ниту земјата можела да го проголта во своите бездни, ниту воздухот да го повреди со своето дејство. Се му било покорно на него како миленик Божји и како цар и владетел на тварите. И се се умилкувало околу него, како најсовршена круна на Божјите созданија. Од тој здив на животот, вдахнат во лицето на Адам од сесоздателната уста на Сесоздателот и Седржителот Бог, тој толку се исполнил со мудрост, што никогаш, од почетокот немало, ниту некогаш ќе има на земјата попремудар и човек кој ќе знае повеќе од него на земјата. Примајќи заповед од Господа, на секое создание да му даде име, тој на секое создание му дал име кое потполно ги означува сите негови особини, сета сила и сите својства, што му се дарувани од Бога уште при неговото создавање.

Токму преку тој дар на натприродна Божја благодат, кој му е даден со духот на животот, Адам можел да Го види и да Го разбере Господ кој оди во рајот, можел да ги сфати Неговите зборови, можел да ја сфати беседата на светите ангели како и јазикот на ѕверовите, на птиците, на влекачите и на сиот живот на земјата. Тоа сега е се скриено од нас, паднатите и грешните, а Адам можел се да гледа до неговиот пад. Иста таква мудрост и сила и семоќ и сите други добри и свети својства, Господ и дарувал и на Ева, која не ја создал од земен прав, туку од реброто на Адама во Едем, во рајот кој Го посадил среде земјата. За тие да можат лесно и засекогаш да ги одржуваат во себе тие бесмртни благодатни и совршени својства на здивот на животот, Бог среде рајот посадил дрво на животот, во чии плодови се содржела целата суштина и полнотата на даровите на Божјиот здив. Ако Адам и Ева не згрешија, тие и сето нивно потомство би можеле, со јадење од плодовите на дрвото на животот, вечно да ја подражаваат во себе животворната сила на Божјата благодат, вечната младост и полнотата на моќта и на телото, и на душата, и на духот, и непрестајното нестареење на бесконечно бесмртната и преблажена своја состојба, што се, дури и на нашето вообразение му е несфатливо во сегашно време.Но, кога тие со предвременото и спротивно на заповедта Божја јадење од дрвото за познавање на доброто и на злото, дознале за разликата меѓу доброто и злото и се подложиле себе си на сите неволји што следувале по престапот на заповедта Божја, тие се лишиле од непроценливиот дар на благодатта на Духот Божји, така што до доаѓањето во светот на Богочовекот Исус Христос Духот Божји не беше даден, затоа што Исус се уште не беше прославен.

Сепак, тоа не значи дека во светот воопшто немало Дух Божји, туку дека неговото присуство не било потполно како во Адам, или во нас православните христијани. Тоа се пројавувало однадвор и знаците на присуството на Духот Божји во светот биле познати на човечкиот род. Така на пример, на Адам, а заедно со него и на Ева, по падот им биле откриени многу тајни, кои се однесувале на идното спасение на човечкиот род. Дури и на Каин, без разлика на неговата нечесност и на неговиот престап, му бил сфатлив благодатниот глас Божји, за време на нивниот разговор. Ное беседел со Бога. Авраам Го видел Бог и Неговиот ден, и се израдувал. Благодатта на Светиот Дух, која дејствувала однадвор, покажувала своја трага и во сите старозаветни пророци и светители израелски. Кај Евреите подоцна биле заведени посебни пророчки училишта каде што се учело распознавање на Божјите знаци или ангелските јавувања, и разликување на дејствата на Светиот Дух од обичните јавувања што се случуваат во природата на неблагодатниот земен живот.

На Симеон Богоприемец, на бого-отците Јоаким и Ана и на други безбројни слуги Божји имале постојани и различни Божествени јавувања, гласови, откровенија, кои се потврдувале со очигледни чудесни настани. Иако не со таква сила како кај избраниот народ, но сепак пројавувањето на Духот Божји дејствувало и меѓу незнабошците, кои не Го познавале вистинскиот Бог. Бог и меѓу нив си наоѓал избрани луѓе. такви на пример биле девиците на пророчицата Сибила, кои, навистина, својата девственост ја посветувале на непознат Бог, но сепак на Бог, Создател на вселената, Седржител и Промислител, за каков го сметале незнабошците. Такви се и незнабожечките философи, кои блуделе по темнината на непознавањето на Бог, но ја барале на Бога угодната вистина. Заради тоа богоугодно барање на вистината тие можеле да бидат причесници на Духот Божји, бидејќи е речено: незнабошците немајќи закон прават од природата она што Му е угодно на Бога.

А вистината Господ толку ја ублажува, што самиот за неа со Духот Свој објавува: вистината засветли од земјата и правдата се појави од небесата.Така, значи, ваше богољубие и кај еврејскиот народ, свештен и богоугоден, и меѓу незнабошците, и без познавање на Бога, сепак се зачувало извесно знаење за Бога. Всушност, брате, се сочувало јасното и разумно сфаќање дека Господ Бог Свети Дух дејствува во човекот. Сочувано е и сфаќањето за разликата на надворешните и внатрешните согледувања, кои овозможуваат човекот да се увери дека дејствува Господ Бог Свети Дух, а не демонската измама. И така било од падот на Адам до доаѓањето во светот на нашиот Господ Исус Христос во тело.

Без ова согледувачко сфаќање на дејството на Светиот Дух, ваше богољубие, кое секогаш се одржувало во човечкиот род, луѓето никако не би имале можност точно да познаат дека навистина дошол во светот Оној Кој им е ветен на Адам и на Ева - плод од семе на жена, кој требало да и ја смачка главата на змијата.Ете, Симеон Богоприемец имал 65 години кога му било навестено за тајната на девственото зачнување и раѓање од Пречистата Секогашдева Марија. Потоа, тој со благодатта на Светиот Дух Божји бил сочуван уште 300 години. Во 365 година на својот живот, тој во храмот Господов јасно рекол дека согледувачки, по дарот на Светиот Дух дознал дека таму е Исус Христос, Спасителот, за чие зачнување и раѓање, од Светиот Дух преку ангел му е соопштено пред 300 години.

И светата пророчица Ана, ќерката на Фануило, која осумдесет години од своето вдовство во храмот Му служела на Господа Бога, заради посебните дарови на Божјата благодат позната како праведна вдовица и чиста слугинка Божја, соопштила дека тоа е навистина Он, ветениот месија на светот, вистинскиот Христос, Бог и човек, цар Израилев, Кој дошол да го спаси Адама и човечкиот род.Благоизволувајќи да го изврши целото дело на спасение, нашиот Господ Исус Христос, по Своето воскресение, на апостолите им дувнал, обновувајќи го во нив здивот на животот, потрошен од Адам и им ја дарувал истата адамовска благодат на Сесветиот Дух Божји. Но, тоа не е се. Гледај, Он им зборувал дека за нив е подобро Он да отиде кај Отецот. Бидејќи ако Он не отиде, Духот Божји нема да дојде во светот. Ако пак отиде кај Отецот, Он, Христос ќе го испрати во светот, и Он, Утешителот, нив и сите нивни следбеници ќе ги научи на секоја вистина, напоменувајќи им се што им рекол уште додека бил во светот. Ова веќе била од Христа ветена благодат на благодат. И навистина, на денот на Педесетница, Он свечено им Го испратил Светиот Дух во дување на си-лен ветар, во вид на огнени јазици, кои се симнале на секој од нив и ги исполниле и ги наполниле со сила на огноподобна божествена благодат, која росоносно диши и радостотворно дејствува во душите на оние кои се причесници на нејзината сила и дејство. И таа иста, со оган вдахновена благодат на Светиот Дух ни се дава на сите нас, Христови верни, во тајната на светото крштение и свештено се запечатува со миропомазување на најглавните места од нашето тело, како што тоа и е укажано на светата црква, како вековечна чуварка на таа благодат. На миропомазанието се вели: "Печат на дарот на Светиот Дух".

А на што, брате, ваше богољубие, ние бедните ги ставаме своите печати, ако не на садовите во кои се чува некоја наша скапоценост? А што на светот може да биде поголемо и поскапоцено од даровите на Светиот Дух, пратени одозгора преку тајната крштение? Бидејќи таа благодат при крштението е толку голема, толку неопходна и толку живоносна за човекот, што не се одзема дури ни од еретиците до нивната смрт, т.е. до рокот означен одозгора по промислата Божја заради човековата доживотна проба на земјата, проба за што е способен и што е во состојба да направи во тоа, од Бога дарувано растојание на времето при помош на силата на благодатта, дарува одозгора. И кога ние никогаш не би грешеле по нашето крштение, засекогаш би останале свети и непорочни угодници Божји, сочувани од секакво осквернување на телото и на духот. Но, токму во тоа е и бедата, што ние преуспевајќи во возраста, не преуспеваме во благодатта и во разумот Божји, како што тоа било со нашиот Господ Исус Христос, туку напротив, развратувајќи се малку по малку, се лишуваме од благодатта на Сесветиот Дух Божји и стануваме во различна мера грешни и многу грешни луѓе.

Оној, кој, поттикнат од премудроста Божја, која го сака нашето спасение и која сите ги обиколува, ќе реши да се рани со Бога и да бдее заради своето вечно спасение, ќе биде послушен на нејзиниот глас, па ќе тргне кон вистинско покајание за своите гревови и кон творење на доблести, спротивни на направените гревови. Тој, преку доблестите заради Христа ќе се стреми кон стекнување на Светиот Дух, Кој дејствува внатре во нас, и Кој во нас го устројува Царството Божјо. Не зборува залудно словото Божје: царството Божјо е внатре во вас; тоа со напор се освојува и подвижниците го стекнуваат. Оние што ја презираат крепкоста на гревовните узди (кои ги врзуваат и кои со своето насилство и побудување на нови гревови, не дозволуваат со совршено покајание да му пријдат на Спасителот наш и на Неговиот суд), присилувајќи се да ги растргнат, ќе се јават пред лицето на Бога побели од снег, обелени од Неговата благодат.

Дојдете, вели Господ, и ако вашите гревови се како скерлет, јас ќе ги побелам како снег. Светиот тајновидец Јован Богослов ваквите луѓе ги гледал во бели облеки, т.е. во облеки на оправдание и со палми во рацете, како знаци на победа. Тие Му ја пееле на Бога прекрасната песна "Алилуја". "Убавината на нивното пеење никој не можеше да ја подражава". За нив ангелот Божји рекол: Ова се оние што дојдоа од големи неволји и ги испраа своите облеки и ги обелија во крвата на Јагнето - ги испраа со страданија и ги обелија со причестувањето со пречистите и животворни тајни на Телото и Крвта на Јагнето, Непорочниот и Пречистиот Христос, пред сите векови заклан по сопствена волја за спасение на светот, Кој секогаш и до сега се жртвува и раздробува, но никогаш не исчезнува, Кој ни дава вечно и неоскудно спасение на патот на вечниот живот заради благопријатен одговор на Страшниот Суд Негов и на скапоцена и за секој ум надмината замена за плодот на дрвото на животот, од кој плод, непријателот човечки, Деница кој паднал од небото, сакал да го лиши нашиот род човечки.

И иако непријателот ѓавол ја измамил Ева, па со неа паднал и Адам, сепак Господ ни дарува не само Искупител во плодот на семето женино (кој со смртта смртта ја сотре), туку и во жена, Секогашдева Богородица Марија, ни даде Застапничка пред нејзиниот Син и Бог наш (која во самата себе ја смачка и во целиот род човечки ја смачкува главата на змијата). Во неа Он ни даде непосрамна и непобедлива Застапничка дури и за најочајните грешници. Мајката Божја се нарекува "рана на демоните" затоа што демонот нема можност да го погуби човекот, доколку човекот не се откаже да бара помош од Мајката Божја.


Св.Серафим Саровски

Избор од фејсбук страната на : Православна Македонија

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3214
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7700
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная