логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

Епископ Тихон Шевкунов
Несвети, а свети

 

 Секој момент од нашиот живот го минуваме во сознанието за постојаното присуство на Господа: и дома, и на работа, и на улица, и кога работиме, и кога учиме, но никаде така непосредно како во Божјиот дом, во црквата. А таму, уште на самото влегување, на од свеќи зачадените црковни ѕидови не пресретнуваат светлите ликови на ангели, архангели и светители, на чудесни настани запишани во слика. Таму се среќаваат небесата со земјата, таму хоровите на херувимите и серафимите им се придружуваат во пеењето на пејачите покрај певницата, таму небесните жители му воспеваат химни на Бога заедно со свештеникот од олтарот, таму, за време на светата Евхаристија, во Христа Господа, небесната Црква се соединува со земната. Таму, во светоста на таа една Црква учествуваме сите заедно.

Но, дали светиите и светите се само отаде фреските? Дали светоста се чува неповредена така заградена само во храмовните ѕидини? Дали само житијните слова се единствените кои говорат за од Бога даруваната светост постигната со исклучителни подвизи или маченички сведоштва? Тие секако дека ја крепат душата и ја засилуваат верата, но што кога ќе го согледаме и споредиме нивното житие и нашиот живот и животот на оние кои живеат со нас? Оттаму здобиената претстава за нив како луѓе над-луѓе, во нивната недостижност ни се измолкнуват при секој обид да им се приближиме со сличен подвиг во сопствената ревност. Не говорам за релативизирање на канонската светост, но за замреженоста на духовното око пред светоста која изобилно постојано катадневно се излива во Црквата.

За таа и таква светост ни говори Тихон Шевкунов, епископот Егоревски и викарен епископ на свјатејшиот Патријарх Московски и на цела Русија, Кирил во книгата „Несвети, а свети“.

На без малку 600 страници во 60 –тина раскази, раскажани се прекрасни човечки приказни, еден вид дневнички записи од средбите на авторот со секојдневни, но исклучителни личности. „Јас немам потреба ништо да измислувам – вели отец Тихон. Се, за што вие сега ќе прочитате, тоа произлезе од животот“. Отец Тихон собрал мноштво приказни од својот и животот на другите луѓе, кои дишат со топлина, длабочина и човечност, каде секој расказ е поука самиот за себе. Некои раскази се надоврзуваат еден на друг, некои протагонисти и некои места минуваат низ неколку раскази, поврзувајќи го сето тоа во една целина и опис на Русија во последните 70 години.

Книгата ја опишува судбината на монасите кои живееле во близина на светите пештери и катакомби на Псково-Пештерскиот манастир. Таа ги открива животите на руските монаси во овој наш век и со тоа нуди сознание за величината на Црквата и нејзината спасоносна улога за секој човек. Отец Тихон пишува за големите старци и аскети, за новите руски маченици и исповедници. За силата на молитвата, за љубовта, за прошката, за смирението и храброста.


Отец Тихон и неговите пријатели го започнуваат своето искушеништво во 1984 година во Псково-Печерскиот манастир, кога имале едвај преку дваесет години. Краткиот престој во споменатиот манастир ја распламтил во него љубовта кон Бога и кон манастирскиот живот. Иако на почетокот и не било така се едноставно. Вака се запишани првите впечатоци од манастирското искуство: „Колку тешко и неудобно беше да се стане толку рано, да се мијат забите со ледена вода во големата соба за миење. Јас веќе стопати зажалив што дојдов, а уште повеќе што Му ветив на Бога дека ќе останам цели десет дена. И на кого му се потребни тие рани станувања? На Бога? Секако не. Нам? Исто така не“. Првото послушание кое го добил било да ја очисти септичката јама, што принудува на поинакво гледање на нешатата, па вели: „Ги издржав сите десет дена – раното будење, послушанијата, бескрајните служби, на кои некогаш под уво ти викаат опседнати. Но, можам да речам дека зажалив за изгубеното време. Сепак, во последниот ден со сета душа се стремев кон Москва“. „И тогаш се случи тоа што ме доведе до вистински шок. Кога за првпат по десет дена се најдов зад манастирските врати, првото чувство кое ме зафати, беше неиздржливата желба – да ги фрлам торбите и стрмоглаво да бегам назад. Такво нешто од себеси никогаш не сум очекувал!“ „Едноставно, се стана подруго“. „Сепак, таму видов еден непознат свет кој ме порази“.

„И навистина – се стана поинаку. Не знам што се случи, но светот за мене сосема ја изгуби целата своја интересност и привлечност. Тоа што уште до вчера изгледаше посакувано и ценето, сега ми се откри, ако не како бесмислено, тогаш сосем далечно....“

Отец Тихон ќе се врати во Печора и одлучува да се замонаши. Тамошните настани и личности ќе станат инспирација за неговото писание. Тој со восхит пишува за отец Јован, за архимандритот Серафим, кој потекнувал од баронско семејство, и откако ја напуштил аристократијата за свое сокровиште ја избрал влажната и темна пештера. Потоа се јавува и ликот на отец Натанаил, благајник на манастирот и човек со незгоден карактер. Меѓу монашките ликови е и схиигуменот Мелхиседек, голем подвижник и аскет, потоа отец Антипа, претходно добитник на бројни воени одликувања.

Портретите на монасите, своите собраќа, Тихон ги создава вдахновено, како и другите елементи содржани во оваа книга. Поглавјата се различни по големина, но очигледно тој не мери кому колку редови му посветува.


Пред да замине в манастир, отец Тихон дипломирал драматургија на Сојузниот државен кинематографски институт „С.А. Герасимов“, на кој се образуваат најдобрите професионалци од филмската индустрија во Русија.  По внатрешната преобразба, за себе ќе рече: „За киното кај мене се изгуби секаков интерес, што мислам дека за него не беше некоја голема загуба“.Но, дефинитивно не е така. Неговиот уметнички дар од зборовите прави слики, наредени чиниш како на филмско платно.
И сето е запишано на едноставен и разбирлив јазик, живописен и експресивен, прецизен во деталите, каде стилот е раскажувачки и разговорен.

Читајќи ја книгата, се има чувство дека писателот те зема за рака и ти ги претставува чудесиите од овој и оној свет, за на крајот да се заклучи дека се работи за еден ист свет. Тој те води и придружува во прошетката на исклучителни стории на секојдневна светост, каде протагонистите се обични верници, свештеници, монаси кои стануваат објавувачи на волјата Божја.

"Несвети, а свети" е роман мозаик за човечките судбини во тој, како што вели авторот, „прекрасен свет, каде се живее според сосема различни закони отколку во обичниот живот, свет, бесконечно светол, полн со љубов и радосни откритија, надеж и среќа, искушенија, победите и поразите, смислата на нивното значење, и најважното – за моќната демонстрација на сила и Божјата помош, јас сакам да раскажам во оваа книга“.

Врвејќи кон крајот на читањето на книгата, бев озарено задоволен од сопствениот заклучок за ова четиво, пронаоѓајќи го во неа типичниот библиски израз и параболичната форма, - кога библиските стории стануваат наши, односно кога себеси се препознаваме во, по Божја промисла, чудесно раководените животи на библиските протагонисти. И на самиот крај од книгата, мојот пронајдок престана да биде пронајдок. Затоа што самиот автор појаснува: „Еден подвижник еднаш рекол дека секој православен христијанин може да раскаже свое Евангелие, своја радосна вест за средбата со Бога. Секако, никој не ги споредува тие сведоштва со книгите на апостолите, кои со своите очи Го виделе Синот Божји, Кој живеел на земјата. И сепак ние, иако слаби и грешни, но Негови ученици сме и нема на светот ништо попрекрасно од созерцанието на поразителните дејствија на промислата на Спасителот за нашиот свет“. На друго место, пак, вели: „Овие раскази се обединети со едно нешто – со целото мое срце сакав да раскажам една приказна поврзана со Божјата промисла“.

Се сеќавам на моето прво библиско четиво (а тоа беше многу, многу одамна), за старозаветната сторија за Јосиф; иако според содржината нема ништо заедничко, благодатното чувство за присутноста на зборот Божји преку човечките стории, беше скоро идентично со она кога ја прелистував книгава за која станува збор. Веројатно затоа што во обете се пројавува - напати не веднаш разбирлива - Божјата промисла, во животот на секој човек одделно и на сите заедно, во која доброто, љубовта, смиреноста, ревноста и верноста ја потврдуваат Божјата вклученост во поединечните човечки стории, каде синовската палавост и грешност се постојано под татковската грижа и љубовниот родителски надзор на Семилостивиот Бог. И отец Тихон, исто како и библискиот писател, во своето раскажување не се воздржува и не ги прикрива човечките мани и недостатоци. На пр. за отец Рафаил вели дека е прекрасен монах, но дека воедно е и мангуп. Кога Писанието говори за царот Давид, царот пар-екселанс, каков што Израилот, како земен владетел, никогаш повеќе нема да има во својата историја, тоа не премолчува ниту за Витсавеја, ниту за Уриј.  

Но, кој знае така искрено да се кае како Давид? А искреното покајание е топилница на гревот, вели свети Јован Златоуст. Давид е царот кој, не во царски одежди, туку во ленена облека од радосна ревност ќе игра и скока пред Ковчегот на заветот. Неговите молитви, тие искрени скрушени повикувања за Божјата милост и прославување на Божјото величие, станале и останале до ден денес и наши молитви.

Книгата ја илустрира човековата распнатост помеѓу небото и земјата; човековата душа која грчевито не престанува да граби кон небото, бидејќи оттаму го добила и го добива  и здивот, и животот, и светоста, и смислата, но и земниот прав од кој беше создаден првиот човек, кој не престанува упорно да влече кон прашината на човековата слабост и грешност. Единствено што преостанува е никогаш да не престане подвигот со очите и умот вперен во небото и покрај јасното сознание дека се до последниот издив тапкаме по земната прашина. Но и тоа дека радоста објавена во Евангелието е веќе присутна и дека нашето небо започнува овде.

Но, зошто книгата носи токму ваков наслов (даден според последното поглавје)? Самиот автор објаснува: „Оваа последна глава ја нареков „несвети, а свети“. Иако моите другари се обични луѓе, а такви има многу во нашата Црква. Секако, тие се многу далеку од канонизација. За тоа не станува ниту збор. Но, ете, на крајот од Божествената Литургија, кога великата Тајна веќе се извршила и светите дарови стојат во олтарот на престолот, свештеникот возгласува: „Светињата е за светите“! Тоа значи дека со Телото и Крвта Христови сега ќе се причестат свети луѓе. Кои се тие? Тоа се оние кои тогаш се наоѓаат во храмот, свештениците и мирјаните кои со вера дошле тука и чекаат да се причестат. Затоа што тие се верни христијани кои се стремат кон Бога. Излегува дека, без оглед на сите свои слабости и гревови, луѓето кои ја сочинуваат земната Црква, за Бога се свети“.


Па ќе заклучиме: Суштествениот момент од светата Литургија се состои во осветувањето на даровите, а целта е осветувањето на верните во Христа Господа. Во светата Евхаристија се станува непосреден учесник во Христовиот живот, кој е Светост, та преку духовното просветлување, со стапување во заедништво со Бога преку Исуса Христа, сите причесници се осветуваат и стануваат свети! Та зарем, и апостолот Павле, при пишувањето на посланијата, своите возљубени собраќа во Христа не ги именува – светии? А така ни се обраќа и нам, кога и денес ги читаме неговите свети списи.

Радосна и тажна, длабоко човечка, оваа книга - мало духовно сокровиште не остава никого рамнодушен, без разлика дали станува збор за луѓе блиски или далечни на Црквата. Затоа што придвижува и има животоменувачка сила, а штом се земе в раце неможно е да се стави настрана без да се заврши. Станува збор за книга која го одзема здивот, книга на чудесен сплет на духовноста и духовитоста, книга со која времето престанува да постои.


Ова вредно дело од руски јазик го превел Златко Дивјаковски во издание на Кумановско-осоговската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и со благослов на митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, а предговорот е подготвен од Петар Георгиевски, професор во Македонската православна богословија.


Ваквото писание е уште една потврда колку длабок може да биде рускиот ум и колку широка може да биде руската душа. На авторот му благодариме што ја напишал оваа книга, на преведувачот што ја превел, на издавачот што ја издал. А Семилостивиот Бог да дарува вдахновение за уште бројни богоугодни дела.

 

проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Богословски факултет – Скопје

[youtube height="350" width="600" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=eIm-K2GIBTc[/youtube]

 

 

Скопје, 4-ти октомври 2016 год.- НУБ „Свети Климент Охридски“

 

 

 Преминпортал (к.т)

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная