логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Прашање од Зоран:
Зошто личната духовност и вера треба да се врзува со некаква заедница, црква? Јас ги посетувам црквите, се молам, ама немам некоја потреба да бидам во некакво стадо, а и луѓето од црквата, особено свештениците не се трудат верниците да живееат во некаква духовна заедница?

Одговор:

Индивидуализмот е еден од препознатливите обележја на времето во кое живееме. Осаменоста, отуѓеноста се се' поприсатни во нашето секојдневие. Контактите помеѓу луѓето стануваат прагматични, површни, па дури и кога треба да бидат и поинтимни, љубовни, блиски. И сето тоа е последица од непознавањето или неприфаќањето (потиснувањето) на нашата вистинска природа и на нашите од Бога благословени потреби да се живее во заедница која во себа ја има топлината на љубовта која осмислува. Ова неприфаќање или, поточно, потиснување на благословените од Бога потреби да се живее во осмислена заедница, а се со цел да не бидеме изиграни од некого, повредени, изманипулирани. . . создаваат сериозни душевно - ментални - емотивни проблеми кои се одразуваат и на телесното здравје.
 Во рамките на Црквата Христова, која во основата на својата смисла и функција во овој свет е ЗАЕДНИЦА, е беспредметно да се говори дека ако сакаме да живееме како христијани - треба да живееме во ЗАЕДНИЦА. Теоретски е така, но јас самиот знам дека во праксата нештата се малку посложени. Но, сепак Св. Кипријан, епископот на Картагина, уште од времето на раното христијанство ќе каже: “ Еџтра Еццлесиам нулла салус” (Надвор од Црквата, нема спасение) и “ Унус Цхристианус – нуллус Цхристианус “ (Еден христијанин - ниеден христијанин). И затоа, за посуштински да ја разбереме потребата да се живее како ЗАЕДНИЦА (ЦРКВА) во овој свет го приложувам моето  размислување на оваа тема насловено со следниот наслов:

Создадени сме за живот во заедница


 Нашето постоење не е производ на некаква слепа случајноподобна еволутивна сила туку на љубовен животодавен Извор кој е наш Почеток. Тој Почеток ние го нарекуваме Бог, а Тој себе си се нарекува ЈАХВЕ - Оној кој вечно постои (2 Мој. 3, 14) и вели дека е наш Отец кој има свој совечен единороден Син, Кој е негово Слово (Логос) (Јован. 1, 1-18) преку кое Тој создава и се пројавува, и има совечен Дух Свети, Кој е Животворец и Животоодржувач. Односно, нашиот Почеток, нашиот Творец, е Еден Бог во Три совечни Личности со иста божествена природа, суштина, совршенство, љубов. . .  Вечниот и беспочетен Отец од и во вечноста, преку раѓање (за нас неразбирливо и надумно), му дарува постоење на својот Син, и од и во вечноста, преку излегување (исходување), му дарува постоење на Светиот Дух. Овие Три божествени Личности се вечни (трансцедентни, надвор од било кои временско - просторни рамки), зашто Отецот, нашиот Бог, никогаш не бил без својот Син и без Светиот Дух.
 Суштината на меѓуличносните односи помеѓу  овие Три Личности на Едниот Бог е во полнотата на ЗАЕДНИЦАТА во совршената сеисполнивачка - творечка - жртвено - служечка - блажена ЉУБОВ. Затоа и апостолот Јован, од Црквата наречен Богослов поради длабочината на увидот во Божјата љубов, пишува, а и со својот живот ја посведочува вистината, дека Бог е Љубов ( 1. Јован.4,8) А ако Бог е Љубов, а да се биде, или има љубов, се подразбира дека треба да се има или да постои релација, однос, врска, контакт на примање и давање на таа животоосмислувачка и сеобединувачка животодавна сила. И затоа што Бог е Љубов, Бог е ВЕЧНА ЗАЕДНИЦА (За<>Едно) на Три совршени божествени љубовнотворечки Личности.
Тој, како наш Творец, се што создал, како во духовниот, така и во материјалниот свет, создал да постои по принципот на внатрешниот љубовно - творечки начин на постоење кој постои помеѓу трите Личности на Едниот Бог. Затоа постоењето во ЗАЕДНИЦА е начин на постоење кој е создаден, промислен и благословен од нашиот Творец. И затоа секогаш, било која личност, кога својот живот го осмислува во рамките на некоја љубовно - творечка заедница, таа личност е здрава, осмислена, исполнета и во себе ја чувствува радоста на постоењето и животот.
Состојбата на постоење која е создадена од нашиот Творец, а  се препознава по тоа што е вечна љубовна и животворна ЗАЕДНИЦА во која од небитие во битие се повикани и ангелите и луѓето, во Светото Писмо се нарекува Царство Божјо или Царство Небесно. 
Нашите прародители Адам и Ева по нивното создавање од  Творецот беа во таа состојба. Тие, а и сите оние што ќе се родеа од нив во рајот (Едем, рајската градина, најсовршеното место на оваа наша планета пред падот), во состојбата на Царството Божјо, требаше да се подготвуваат за вечниот живот во полнотата на Царството, односно да се подготвуваат (да созреваат и личносно да се усовршуваат) за животот во ВЕЧНА ЗАЕДНИЦА со нашиот Бог, Отецот и Синот и Светиот Дух, со ангелите, луѓето и со се она што е создадено од Творецот. 


Проблемот со злото или со злоупотребата на слободата на избор

Секој родител го посакува најдоброто за своето чедо, но ниту еден родител не може да гарантира каква личност ќе стане неговото чедо. Нашиот Творец во духовниот ангелски свет сите ангели ги создаде добри. Ги создаде како суштества кои ќе можат да учествуваат и да се хранат со неговата љубов и вистина. А тие таа љубов и вистина да ја шират и даруваат на други личности од ангелскиот, а подоцна и од човечкиот свет. Или поконкретно кажано, Творецот, сите од него создадени ангели ги повика слободно и љубовно да учествуваат во вечната ЗАЕДНИЦА на неговото Царство. Но едно, од многуте ангелски созданија Божји, кое заборави дека е само Божјо создание, иаку со огромна моќ и сознанија од патот на совршенството, поттикнато од својата завидливост во однос на Творецот се исполни со гордост и суета и во лудоста на својот болен егоизам се спротистави на љубовниот поредок на Царството Божјо. Ова спротиставување на совршениот поредок на постоење во љубов, служење, творештво и хармонија предизвика безредие (отстапување, промашување, грев) во ЗАЕДНИЦАТА на Царството Божјо. Ангелот што се спротистави на совршениот поредок мотивиран од својата завидливост и гордост, иаку херувим (висок степен во ангелската хиерархија), беше изгонет (всушност тој самиот отпадна) од Царството Божјо заедно со една третина од ангелите кои во себе го примија отровот на злото, односно, болната состојба која се јавува во личноста кога таа ја злоупотребува својата слобода и свесно ја насочува против доброто, љубовта и вистината. Од тој момент освен ЗАЕДНИЦАТА на Царството Божјо, настана друга групација, или начин на постоење од отпаднати озлобени ангелски, а по падот на нашите прародители Адам и Ева и од човечки личности, кои обземени и затруени од отровот на злото ширеа и шират безредие, лага, лажни вредности, уништување, бесмисла, личносно отуѓување, алчност, смрт и најдрско, подло и итро војуваат да ја потистан и уништат Божјата љубов и вистина во секоја личност во овој свет.
По падот на нашите преродители, односно, по нивното отпаѓање од ЗАЕДНИЦАТА на Царството Божјо, во овој наш свет е многу тешко, а скоро и неможно без Божја интервенција и промисла да се изгради и оствари вистинска љубовна ЗАЕДНИЦА по која копнее секоја духовно и љубовно разбудена личност.
Сите сме сведоци дека силата на злото која се пројавува преку духовното (личносно) мртвило, завидливоста, гордоста, суетата, егоизмот, алчноста и многу други пројави се обидува да уништи секаков вид на заедница во овој наш свет без разлика дали е таа брачна, пријателска, општествена, државна,  духовна или црковна.

Божјиот план за создавање на заедницата на старозаветниот народ Божји

Од моментот кога нашите прародители ја изгубија животодавната љубовна ЗАЕДНИЦА со нашиот Триличностен Бог, нивниот живот, а преку нив и на сето човештво, во многу нешта го изгуби благословот и предназначеноста промислена од Творецот. Набргу по падот се случи првото братоубиство. Демонските сили преку отровот на злото, лагата, стравот и смртта со брзина на епидемија започнаа да шират и да предизвикуваат страшни последици во меѓуличносните односи. Дури и самата човечка личност во своите внатрешни духовни простори ја чувствуваше и ја чувствува таа растргнатост и борба помеѓу болеста на злото и здравоста  на доброто. Состојбата на сето човештво беше застрашувачка. И сигурно по сето тоа ќе се прашате за можниот излез. Во погорните редови напишав дека битката со злото за да се создаде љубовна ЗАЕДНИЦА во овој свет  е однапред изгубена без Божја интервенција, односно без Негова промисла која ќе се остварува преку од Него духовно разбудени и раководени личности. Секој, кој само се обидел да направи нешто на тој план ќе ја разбере сериозноста на овие зборови. И затоа нашиот Творец интервенираше. Тој ја промисли, подготви и создаде ЗАЕДНИЦАТА на старозаветниот народ Божји, односно го создаде народот кој во историјата на светот го познаваме како Израилски. Господ за тој народ, односно за нивната ЗАЕДНИЦА, ги кажа следните зборови:
  Па сега, ако го слушате гласот мој и го пазите заветот (договорот) мој, ќе ми бидете народ избран меѓу сите народи, зашто моја е замјата цела. И вие ќе ми бидете царство на свештеници и народ свет (2. Мој.19,6).
 И навистина во многу нешта ЗАЕДНИЦАТА на старозаветниот народ Божји се разликуваше од заедниците на тогашните пагански народи осквернети од лажната и во многу нешта демоноподобна религија која се изразуваше преку идолопоклонството и непознавањето на вистинскиот Бог. Но сепак, Божјата промисла во Стариот завет  не се состоеше од тоа Творецот во овој свет да создаде свој чист од злото народ во морето на останатите пагански народи. Тој преку старозаветниот народ го подготвуваше доаѓањето на својот совечен Син во нашиот, од Него и од Неговото Царство отпаднат свет, како Спасител - Месија на сите народи. Заедницата на старозаветниот народ Божји со својот Закон (Тора) и очекување на Месијата беше само сенка, подготовка за ЗЕДНИЦАТА на новозаветниот народ Божји - Црквата. Во оваа новозаветна  ЗАЕДНИЦА нашиот  Бог промисли да се остварува спасението на сите личности од овој свет од злото и злопричинителот и нивно личносно подготвување, преку плодовите на Христовата искупителна жртва на крстот и преку животот во Божјата љубов и вистина, за вечниот живот во Неговото Царство. Односно, она што не го остварија нашите прародители Адам и Ева, сега преку совечниот Син Божји и Син Човечки - Исус Христос и преку Неговата љубовно-творечка ЗАЕДНИЦА (Црква, Тело Христово) може да го оствари секој човек, од секој народ, доколку духовно се разбуди (доживее покајание) и искренољубовно со вера ја прифати Христовата спасителна подадена рака.

                                                     
Божјиот план со заедницата на новозаветниот народ Божји

Големиот учител на Црквата Христова, апостолот Павле, во своето послание до  Црквата Божја во Коринт, до осветените во Исуса Христа, до повиканите светии (1. Кор.1, 2) го пишува следното:
- И како што е телото едно, а има многу органи, и сите органи од тоа тело, па колку и да се тие, едно тело се, така и Христос. Зашто преку еден Дух сме крстени (потопени) сите во едно тело, било Јудејци (членови на старозаветниот народ) или Елини (членови од другите народи), било робови или слободни (без разлика на социјалниот статус), и сите сме со еден Дух напоени. (1. Кор.12,12).
 Во истото послание апостолот ги пишува и следните нешта:
- А кога страда еден орган, тогаш страдаат сите органи. И кога се слави еден од органите, тогаш со него се радуваат сите органи. Вие (ЗАЕДНИЦАТА на новозаветниот народ Божји) сте телото Христово, а пооделно членови. - (1. Кор.12.26)
Кога ќе се прочитаат, а пред се, кога во умот и срцето ќе се разбере пораката од овие зборови на апостолот, тогаш ни станува јасно што промислил нашиот Отец Небесен со ЗАЕДНИЦАТА на новозаветниот народ, која не е само обично заедничарење на личности кои сакаат да живеат духовен (осмислен) живот, туку  ЗАЕДНИЦА која е Тело на Неговиот Син и во која делува животворечкиот Дух Свети. Членовите на таа ЗАЕДНИЦА ја имаат можноста да постанат вечни синови и ќерки на Небесниот Отец преку Неговиот Син во Светиот Дух. Односно, таа ЗАЕДНИЦА или ЦРКВАТА е можност за средба на отпаднатиот од ЦАРСТВОТО БОЖЈО човек со својот животодавен Почеток и со вистинската состојба на постоење, но и можност за вистинска љубовна средба на личностите помеѓу себе. Во таа средба се врши големата љубовна тајна на нашето спасение и на нашето подготвување за вечнот живот во вечната ЗАЕДНИЦА на ЦАРСТВОТО БОЖЈО.

Можноста на паднатиот човек да живее во вистината на Црквата

Вистинското разбирање на смислата и функцијата на Црквата во нашиот свет кај многумина предизвикува сомнеж. Сомнежот не е плод на неприфаќањето на вистината за Црквата, туку на неможноста на паднатиот човек да го прифати тој висок критериум на вреднување на постоењето. И навистина, за паднатиот човек, односно за оној кој не сака да го напушти отпаднатиот начина на живеење (во егоизам, саможивост, желба за владеење. . .) тоа е невозможно. За да се стане вистински член на ЗАЕДНИЦАТА на новозаветниот народ Божји - ЦРКВАТА потребно е да се возљуби со сето битие Творецот, Неговото вечно ЦАРСТВО и од Него создадените личности. Тоа значи дека треба да бидеме отворени за љубовниот оган Божји, но и за љубовта на нашите ближни која ќе не исполни, очисти, оживее, освети и всели во вечната ЗАЕДНИЦА. И затоа секогаш кога ќе видиме како некои луѓе ја злоупотребуваат или осквернуваат вистината или заедничкиот живот на Црквата, или во црковната заедница го нема Духот на заедништвото, љубовта, вистината и желбата за спасение, треба да знаеме дека тоа е само последица на изгубената, или никогаш нестекната ЉУБОВ кон нашиот Христос, а преку Него и кон Небесниот Отец и Светиот Дух. Не случајно нашиот возљубен Господ, Учител и Спасител Исус Христос ни ги кажува постојано во нашиот дух овие зборови:  Ако ме љубите, пазете ги моите заповеди.  (Јован.14,15) и Нова заповед ви давам, да се љубите еден со друг како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг. По тоа ќе ве познаат дека сте Мои ученици ако имате љубов помеѓу себе. (Јован. 13, 34 - 35)    



 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3112
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7571
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

07/11/2024 - четврток

Светите маченици Маркијан и Мартириј; Светиот маченик Анастасиј; Света Тавита;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов великомаченик Димитриј 26 октомври / 8 ноември 2024

Тропар на светиот Христов великомаченик Димитриј 26 октомври / 8 ноември 2024

Голем застапник во неволјитево тебе најде вселената,страдалниче, кој ги победи незнабошците.И како што си ја победил

Тропар на светите Христови маченици Маркијан и Мартириј 25 октомври / 7 ноември 2024

Тропар на светите Христови маченици Маркијан и Мартириј 25 октомври / 7 ноември 2024

Господи Боже наш, Ти Кој се вочовечи, телото наше го зеде но Бог по суштина остана,мачениците Твои Маркијан и Мартириј,...

Тропар на св. Христов великомаченик АРЕТА 24 октомври / 6 ноември 2024

Тропар на св. Христов великомаченик АРЕТА 24 октомври / 6 ноември 2024

Блажен си ти Арето, верен слуга на Бога Живиот, кому Спасителот Му подари разум за умудрување на мнозина,  со дела достојни...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная