Прашање: Толку многу верувам во Бога толку го почитувам но откако се случи ова со Тоше јас сум скршена и не знам дали да верувам и не е фер не знам како да си го објаснам тоа истото се случи и со Принцезата Дијана и таа ми беше идол и Тосе. И ШТО СЕ СЛУЧУВА НЕ ЗНАМ СТВАРНО СУМ ЗБУНЕТА ОБЈАСНЕТЕ МИ КАКО ДА ГО ПРИФАТАМ ТОА.
ОДГОВОР:...„ Ако ги погледнеме случувањата од оваа перспектива мислам дека веднаш станува јасен одговорот на прашањето: Зошто некој толку побожен и добар загинува толку млад и толку трагично? Прераната смрт на добриот, барем за мене, е само сведоштво на неговиот длабок, личносен и синовски однос со Бог. Сведоштво за неговиот копнеж. Сведоштво за тоа: не што, туку Кого тој барал...“ -
Ви го посочуваме текстот на Митрополит Струмички г. Наум „Живееме ли, умираме ли Господови сме“ . Внимателно прочитајте го. Доколку сакате дополнителни појаснувања во врска со текстот, ќе се обидеме да го исконтактираме Владика Наум, доколку е тоа возможно, а Вам неопходно!
Со почит,
од Редакцијата на
ПреминПортал