Во идниот век верните ќе го видат Бога “лице во лице“, а иконата е почеток на тоа созерцание.
Прашање од Даниела: :
Кои се основните симболи и дали има такви по кои би разликувале православна од католичка икона на Мајка Богородица и Исус Христос?
Одговор:
Иконите се материјален доказ дека постои еден друг свет, ја огласуваат, пренесуваат пораката на духовноста, и тие се небо на земјата, сведоштво на повисоката реалност:... „ така, иконата не е само предмет, експонат, туку е светиња, зашто во неа ја имаме добрината (како етички момент), и красотата (естетскиот момент), и љубовта (емотивната стварност на взаемноста). Од сето тоа се раѓа една здрава мудрост – философија, но не философија според стихиите на овој свет, за која ни зборува апостол Павле: „Браќа, пазете некој да не ве заведе со философија и со празна измама според човечко предание, според стихиите на светот, а не по Христа“ (Колосјаните 2:8)“
Пред се, православните икони не се претставуваат премногу реалистично. А воглавно, разликите се во тоа што повеќето католички икони на Пресвета Богородица, имаат ѕвезди околу главата , или држи срце, а Господ Исус Христос, ако е претставен на крст, со нозете една врз друга, што е спротивно од православните. На православните икони, Христос и Пресвета Богородица не се сликаат во модерен уметнички стил, туку во стилот и описот оставен од Црквата низ Преданието...
Фрескопис:Погледнете го напредокот на работата на веќе спонзорираните фрески.
Друго:
ДИЧО ЗОГРАФ - еден од најистакнатите македонски зографи
Икона Оплакување Христово, од црквата Свети Никола (Виндзор, Канада)
Иконата – почеток на гледање “лице во лице“
Подготвил: п.п./з.д.