Прашање од Игор: Кои се најстарите икони во Христијанството и од кој век датираат?
После признавањето на Христијанството во Римското Царство за време на владеењето на св.Константин (Соборот во Никеја), и неговото прифаќање како официјална државна религија за време на Теодосиј I, христијанската уметност почнала да се менува. Оаа промена е резултат пред сè на слободата која Христијаните ја добиле во однос на изразувањето и декларирањето на нивната религија. Тогаш и за прв пат се појавиле сликите на мачениците, а со нив почнала да се шири и критиката за идолопоклоничката и паганска позадина која тие (наводно) ја имале.
Апостол Лука ја црта иконата на Пресвета Богородица Марија
Од друга страна, бројни биле и поборниците за употребата на иконите, посочувајќи примери кога пророците од Стариот Завет сонувале сонови во кои им се појавувале повеќе небесни фигури, вклучувајќи ја и визијата на Данаил, кому Бог му се појавил како старец.
Во овој период, исто така, за прв пат се споменува и иконата на Пресвета Богородица Марија; како автор на оваа икона Теодор Лектор во неговата Историја на Црквата го посочува Апостол Лука. Бројот на икони чие авторство се припишува на овој Апостол во иднина ќе се зголеми.
Тропар, глас5.
Со песни свешетни да го прославиме светиот апостол, превоспеаниот Лука, раскажувачот на апостолските дела, и светол писател на Христовото Евангелие, како лекар на човечките немоќи и болести на природата, кој ги лекува и раните на душите, и се моли непрестајно за душите наши.
п.п/з.д.
Друго:
Божествена Литургија во храм на св. Петка, Скопје (31.10.2008)
Во храмот на св.Петка , во Скопје, на ден 31 октомври, на празникот посветен на св. апостол и евангелист Лука, се отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.