Одговор:
Православната Црква, определила за верните четри повеќенеделни пости. Од нив, најдолг и назначаен е Велигденскиот пост, бидејќи ги припремаат верните да го дочекаат најголемиот христијански празник Воскресението Христово, Велигден. Овој пост трае седум недели и се состои од света Четриесетница и Страсна седмица.
Постот е време на самоиспрашување, самоодрекување, припрема за покајание и причестување. Постот не е само воздржување од храна, туку и воздржување од секое зло и грев,се состои и од засилени молитви и дела на милосрдие, измирување, и други дела на љубов кон Бога и ближниот.
Постот е и време на радост. Можност за„ нов почеток“, очистување на душата и телото во припрема и очекување на славното Воскресение на Господ наш Исус Христос.
* Не е неопходно да чекате за причест до крајот на постите. Обратете се до Вашиот парохиски свештеник, за исповед и причест. Тој ќе оцени и определи, како да постите (согласно Вашите сили). Голем поздрав и убави Велигденски пости!
п.с. Драг Ангеле, ти благодариме за убавите зборови, кои многу ни значат.