о. Горан Стојчевски - Пастирско слово
Накратко, зошто болести и страдања токму поради нашите гревови? Ете, од ова признание бега светот и човекот сака да го избегне, плашејќи се, како што сведочи со збор и Самиот Спасител, да не бидат исцелени . Сакаме исцеление? Тогаш да се прибереме како пилиња под раширените крилја на квачката, во Црквата, за да не ги чуеме оние страшни и апокалиптични зборови: Ерусалиме, Ерусалиме... Ете, ви се остава вашиот дом пуст.