Затоа, деца, како православни ги отфрламе и двете крајности, кои се ерес. Го отфрламе екуменизмот, го отфрламе и зилотизмот. Не прифаќаме дека сме фундаменталисти, ниту екуменисти. Ние сме православни христијани, врамнотежени луѓе, го љубиме целиот свет, се молиме за целиот свет – преку Литургијата – не сме ние оние што ќе му судат на светот, Бог ќе му суди на светот. За нас, пропаста дури и на едно суштество е болка. Не сакаме ниту еден човек да исчезне од Божјото лице, апсолутно ниту еден.
Зошто Бог се сокрива себеси?
Дали забележувате, дека полесно е да купиш икона и да ја поставиш на ѕид, отколку вистински да посветиш време за молитва пред неа. Тоа е еден вид „православното користољубие“ кое ги заменува сите овие дејства – како просење, барање, чукање и.т.н. Користољубието е дел од нашиот нормален начин на живот. Нашата култура нè има научно само да консумираме, односно да се здобиваме со предмети. Ние не ја добиваме храна, туку ја купуваме.