Восхитени од Убавото (24.04.2015)
Радоста, која ја дава знаењето, треба да биде дополнета од радоста на созерцанието, и тогаш ќе биде совршена. „Сè знам, сè разбирам, и сепак се зачудувам“, – вели човекот. Вчудоневидување пред СЕ, вчудоневидување, без оглед на сите маки, – тоа е убавината, тоа е спасението на светот, тоа е почеток на патот кон Бога…
А животот без восхитување пред убавината, а значи и без Бога, е празен и ништожен.