Како ќе знаеме дали живееме според Божјата волја?

Еве како: ако поради што било тагуваш, тоа значи дека сè уште не си ѝ се предал целосно на Божјата волја, иако можеби ти се чини дека живееш според неа.
Оној што живее според Божјата волја за ништо не се грижи. Кога нешто му е потребно, и себеси и она што му е потребно Му ги предава на Бога. Дури и ако не го добие она што го бара, останува спокоен, исто како да го добил
.Душата што ѝ се предала на Божјата волја не се плаши од ништо: ниту од закани, ниту од разбојници, ниту од што било друго. За сè што ќе ја снајде, вели: „Така Му е угодно на Бога“.
Ако е болна, си помислува: „Болеста сигурно ми е од некаква полза, инаку Бог не би ја допуштил“.
Така се зачувува мирот во душата и телото.
Старец Силуан
pp
ZZ
"Кај Свети Силуан, предавањето на Божјата волја не е рамнодушност кон животот, ниту отсуство на човечка тага и болка. Станува збор за нешто подлабоко: човекот може да страда, но да не ја изгуби довербата во Бога.... Тагата сама по себе не значи дека човекот не ѝ се предал на Божјата волја. Важна е разликата меѓу болката што ја чувствуваме и немирот што настанува кога не можеме да го прифатиме она што ни се случува.Тоа е суштината на духовната мисла на Свети Силуан."


























