Денес, по повод Светскиот ден на преведувачот, „30 Септември“, во Скопје, оваа книга ја доби наградата „Архиепископ Гаврил“ за најуспешен превод од областа на духовната литература за 2017 година од страна на Сојузот на литературни преведувачи на Македонија.
Во петок, на 20 септември 2024 година, во навечерието на празникот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје ќе биде донесена икона на Пресвета Богородица -„Троеручица“ од светогорскиот манастир Хиландар.
Денес Европската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, во градот Берлин испишува нова историја со чинот на осветување на камен темелникот за уште една нова Македонска православна црква во Германија.После 30 години од формирањето на Македонската православна црковна општина „Свети Климент Охридски“ во Берлин,
01. ИСТОРИЈАТ НА ОА / ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИJА КАКО ДУХОВНО JАДРО НА МАКЕДОНИЈА И ЦРКОВНО СРЕДИШТЕ НА БАЛКАНОТ (продолжение) / МИТКО Б. ПАНОВ 2
02. СВЕТООТЕЧКО БОГОСЛОВИЕ / ОНОЈ ШТО ВИСТИНСКИ ГО ЉУБИ БОГ, СЕКОГАШ ГО ЧУВА ВО СРЦЕТО 6
Голема е нашата радост што добивме можност да ја реиздадеме оваа прекрасна и неповторлива книга, која за поновата генерација можеби и да е непозната. Македонските верници и богослови ќе откријат во неа еден посебен и неповторлив свет кој од Бога е закрилен и благословен, а во кого живеат земни ангели и небесни луѓе.
Ако те наклеветиле, на доброто ти одговориле со зло, не држи зло во срцето.
Прости и радувај се, што благодарение на тоа,
за неколку скали си се приближил до Бога.
Известуваме дека излезе од печат второто издание на книгата “Животот и словата на старец Порфириј Кавсокаливит”. Станува збор за најавтентичниот извор за животниот пат и за опитното учење на современиот светител на Православната Црква.
Преводот од грчки јазик е на јеромонах Атанасиј Арсоски.
Да чуеме што вели свети Григориј Палама: ’Воведените во тајните од Господ (Апостолите), тогаш преку промената на сетилата, која во нив ја предизвикал Светиот Дух, биле приведени од состојба на тело во состојба на дух‘. И уште вели: ’Христос во моментот на Преображението не примил ништо што дотогаш немал, ниту се променил во нешто што претходно не бил,