
Во втората недела по Пaсха, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Валандово. На Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и го ракоположи во свештеник, досегашниот ѓакон Мишо Тодоров од Велес. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот заедно со свештениците и верниот народ се упатија во новата градска капела, каде што се изврши чинот на осветување на капелата.
Извор: Повардарска епархија