Dejan.sv.Georgij.jpg

(24-25 февруари 2012 г.) -Марков манастир

Dejan.sv.Georgij.jpg

Dejan.sv.Georgij.jpg

Dejan.sv.Georgij.jpg

Во Марковиот манастир „Св. вмч. Димитриј Солунски“, (Маркова Сушица, Скопско), ноќта, петок кон сабота (24-25 февруари 2012 г.), на празникот на св. Мелетиј Антиохиски, св. Алексеј Московски и преподобна Марија, со почеток во 22:00 ч. се одслужи сеноќно бдение со Божествена Литургија. Бдението го предводеше отец Дејан Трајков во сослужение на ѓакон Ѓоко Бурмузоски. Верниот  народ се причести со Светите Христови Тајни. По бдението, сестра Илијана – игуменијата на Манастирот и отец Дејан ги подкрепија верните со благослов, чај, колачи и топли зборови.

Со вера го почнуваме Великиот пост. Да не размислуваме на предстојните одкажувања и ослабнувањето на телото. Не е во телото нашата моќ туку во надежта во духовниот раст кој ќе произлезе од нашето подвизување, надежта за прочистувањето на срцето, опстојување во трпението, силата на послушанието, кротоста, љубовта кон блиските и љубовта кон Бога. Кога телото е во функција   на духот тогаш телото е здраво. Тогаш човекот е успешен, среќен и вистински во полнота ужива затоа телото и психата ни се дадени да ги управуваме и со нив да се служиме и да даваме плодови.

Dejan.sv.Georgij.jpg

Dejan.sv.Georgij.jpg

Dejan.sv.Georgij.jpg

Dejan.sv.Georgij.jpg

Dejan.sv.Georgij.jpg

Dejan.sv.Georgij.jpg

Dejan.sv.Georgij.jpg

Dejan.sv.Georgij.jpg

Dejan.sv.Georgij.jpg

Dejan.sv.Georgij.jpg

 

За Преминпортал,

Ратислав Кардалев