Dejan.sv.Kliment.jpg

Маркова Сушица, 5 февруари 2012 год.- Манастир на св.вмч. Димитриј

Dejan.sv.Kliment.jpg

Dejan.sv.Kliment.jpg

Во Марковиот манастир „Св. вмч. Димитриј Солунски“, (Маркова Сушица, Скопско), во Неделата на митарот и фарисејот на 5 февруари 2012 година, отец Дејан Трајков одслужи Божествена Литургија.  Верниот  народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата, сестра Илијана игуменијата на манастирот и отец Дејан ги подкрепија верните со благослов, чај и вкусни колачи.

Dejan.sv.Kliment.jpg

Dejan.sv.Kliment.jpg

Dejan.sv.Kliment.jpg

Dejan.sv.Kliment.jpg

Dejan.sv.Kliment.jpg

Dejan.sv.Kliment.jpg

Оваа недела Светата Православна Црква со четивото за фарисејот и митарот почнува да нè подготовува за Великиот пост. Истакнат е лицемерениот и наемнички однос на фарисејот кон Бога наспроти покајниот однос на митарот (цариникот).

Фарисејот е убеден дека Го задолжил Бога само со почитувањето на Писмото и затоа Бог треба да му проштева. За жал, ваквиот однос го имаме се повеќе и денес меѓу христијаните кои извршуваќи ги ритуално Светите преданија на Православната Црква сметаат дека завршиле сè и дека се исправни пред Бога.

Додека, митарот знаејќи си ги сторените гревови се плаши дури и да го крене погледот кон Богам, а не да застане поблизу до Него.

Да се запрашаме себеси – дали се препознаваме во некој од ликовите на оваа приказна?

Да внимаваме да не западнеме и самите во стапицата како фарисејот.
Мораме да бидеме свесни дека е неизбежно секојдневно да грешиме. Како што не можеме да станеме наутро од постелата и да го поминеме денот, а да не ни се извалкаат рацете. Па, како што внимателно пред секое јадење ќе си ги измиеме рацете, уште повнимателно да се исповедаме и покаеме од длабочината на нашето срце.

Во таа смисла во предстојниве недели достојно да се подготвиме за Велигденскиот пост. Внимателно да ги проследиме и восприемиме пораките од неделите на Блудниот син, Меспусната и Сиропусната (Прочка).

Оваа недела се блажи целата па сме ослободени од постот во среда и петок.

 

Dejan.sv.Kliment.jpg

Dejan.sv.Kliment.jpg

По Литургијата, охрабрените верни се спротивставија на зимските окови и направија продуховена прошетка до остатоците од древната црквичка во близината на Марковиот манастир. На темелите на црквичката се одпеаа песни и молитви во слава на Бога. Попатно, селаните од Малчишта со кафе радосно ги почестија поклониците.

Dejan.sv.Kliment.jpg

Dejan.sv.Kliment.jpg

Dejan.sv.Kliment.jpg

Dejan.sv.Kliment.jpg

Dejan.sv.Kliment.jpg

Dejan.sv.Kliment.jpg

Dejan.sv.Kliment.jpg

Dejan.sv.Kliment.jpg

Dejan.sv.Kliment.jpg

Dejan.sv.Kliment.jpg

Dejan.sv.Kliment.jpg

 

За Преминпортал

Dejan.sv.Kliment.jpg

Ратислав Кардалев