Можеби нелогично и чудно звучи, но смртта е предуслов за вечниот живот во Христос. Најпрво преку светата Тајна Крштение умираме за овој свет и се раѓаме за Христос и Царството Небесно. Потоа исто така, во понатамошниот тек однашиот живот ние сме должни да умираме за светот и за себе за да го одржуваме нашиот духовен живот во Христос.
Тоа наше умирање се состои од одкажување на нашата волја, вклучувајки ги тука и сите свои лични планови, амбиции, желби, желби и прифаќање на Божјата волја преку послушанието кон својот духовен Отец. Посебно ние кои се наоѓаме на првиот степен од духовниот живот на очистувањето и ослободувањето на срцето од страстите. И се додека не се стекнеме со просветлението на умот во познание на Божјата волја, должни сме во се да му се покоруваме на словото на нашиот духовен Отец.
Ова е многу важно и за него може многу да се говори и тоа како делува ѓаволот криејки се зад нашите “добри” мисли и планови кои можат да бидат дури и побожни како што и Савле мислел дека му угодува на Бога а всушност бил борец против Бог, но кога Савле се откажал од себе, тогаш умрел и Савле во него и се родил новиот св. ап. Павле кој за себе рекол: Но ако некој се осмели, во безумство велам, ќе се осмелам и јас. Евреи ли се? И јас сум. Израилец ли е? И јас. Семе Аврамово ли е? И јас. Служители Христови ли се? Во безумство сборувам, јас сум повеќе. Повеќе се трудев, повеќе рани поднесов, и многупати на умирање… Ако треба да се фалам со слабоста своја ќе се пофалам. (1 Кор. 11, 21-30) но уште и рекол: Знам еден човек во Христа, кој пред четиринаесет години, со тело ли, не знам; без тело ли, не знам: Бог знае, беше грабнат и однесен до третото небо. И знам дека тој човек, со тело ли, или без тело не знам: Бог знае, беше грабнат и однесен во рајот и дека чул неискажливи зборови, кои што човек не може да ги искаже. (1 Кор. 12, 2-4).
Затоа, ако сакаме да бидеме и ние во Христос и да ја имаме славата Негова потребно е, не да ја бараме на нашата, но Божјата волја и слава.
Амин.
Logical alogism – Abbot Gavril
It may sound strange and illogical, but death is a prerequisite for the eternal life in Christ. Firstly through the holy sacrament of the Baptism, we die to this world and we are born in Christ and the Kingdom of Heaven. Then, in the furthercourse of our lives we are bound to die for the world and ourselves, to keep our spiritual life in Christ.
Our dying consists of giving up on our will, including all our personal plans and desires, and accepting God’s will through the obedience to our spiritual Father. In particular, for those of us who are on the first stage of our spiritual life of purification and liberation to our heart from the passions. Until we gain an enlightenment of our mind in knowledge of God’s will, we should obey in all, the word of our spiritual Father.
This is very important and we can say a lot about it, especially about the works of the devil who can hide behind our “good” thoughts and plans that sometimes can even be pious. As Savle thought that he was obeying God, he was actually a fighter against God. But when he gave up from himself, and he died within himself, that’s when St. Apostle Paul was born who said:
Whatever anyone else dares to boast about—I am speaking as a fool—I also dare to boast about. Are they Hebrews? So am I. Are they Israelites? So am I. Are they Abraham’s descendants? So am I. Are they servants of Christ? (I am out of my mind to talk like this.) I am more. I have worked much harder, been in prison more frequently, been flogged more severely, and been exposed to death again and again…If I must boast, I will boast of the things that show my weakness. (1 Cor. 11, 21-30), but he also said: I knew a man in Christ above fourteen years ago, (whether in the body, I cannot tell; or whether out of the body, I cannot tell: God knoweth) such an one caught up to the third heaven. And I knew such a man, (whether in the body, or out of the body, I cannot tell: God knoweth). How that he was caught up into paradise, and heard unspeakable words, which it is not lawful for a man to utter. (1 Cor. 12, 2-4)
Therefore, if we want to be with Christ and have His glory, it’s not required to seek our own but only God’s will and glory. Amen.