bogorodica.k.dol.jpg

 Среда
 
Кога Мојсеј и Арон почна да го застапуваат својот народ  пред фараонот, со желба  да бидат отпуштени,  како одговор следеше отежнување на работењето  на угнетените Израелци  до таков степен што народот измрмори  на своите  застапници: Не замразивте  фараону (Излез 5:21). Истото тоа го чувствува  и душата на грешникот кој се кае. Затоа што, кога стравот Божји и совеста, т е. внатрешниот  Mojcej и Арон почнат да ја воодушевуваат  душата за да се крене на нозете  и го  отфрли од  себе товарот на гревовоното ропството -  радоста  ги поминува  сите нејзини делови. Но, тогаш и  непријателот не спие. Тој ја притиска со помисли  за тешкотиите кои произлегуваат од (наводната) непобедливост на  гревот и на неа ги наведува  стравотиите  од  сите страни – стравот за  личната  благосостојба, за надворешните  односи, за честа, па дури и за животот. И се случува, да  човек  прекине со  покајанието, иако само што  почнал да се кае. Но, охрабри се  брате! Господ над војските ќе се возвиши со судот, и Бог свети ќе се посвети  со  правдата (Ис.5, 16). Бог е посилен  од непријателот. Извикај кон Него и ќе го чуеш истото што го слушна Мојсеј: Сега ќе видиш  што ќе му направам на фараонот (Изл.6, 1). Ѓаволот  нема  власт над душата. Тој може само да ја  заплаши со ужасни привидениа. Меѓутоа  не се давај, претрпи, оди  напред смело, велејќи во себе си : "Дури и ако смртта дојде, нема да го напуштам  ова дело и ќе појдам  смело таму каде  што Бог ме повикува, со духот на покајанието  кое сега делува во мене."

 


 

 

 

Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА

Извор: СВЕТОСАВЉЕ

bogorodica.k.dol.jpg 

Друго:

sv.Teodor.Tiron1.jpg Од Верскиот календар на МПЦ (08.03.2011)

 

Предговор


 
Друго:    

bogorodica.k.dol.jpg 

http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php

 

http://www.youtube.com/watch?v=dBc0pE4f50g&nofeather=True

 

ПОНЕДЕЛНИК

НЕДЕЛА

Подготви: Т.К.